Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Тошковски: Сè уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација

Никогаш нема да дозволам да се загрози безбедноста во ниеден град во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Никогаш нема да дозволам да се загрози безбедноста во ниеден град во Македонија со поставување, разрешување, додавање, одземање или какво било друго реорганизирање на внатрешните структури на МВР, порача денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Тошковски истакна дека во изминатите речиси две години безбедноста на граѓаните е многу подобрена, особено ако се земат предвид бројките за вкупен криминалитет, кои, како што напомена, се најдобри во последните 20 години.

Министерот информира и дека сè уште од МВР до Владата не е доставена нова систематизација. 

Реклама

– Полициските станици во Дебар, Струмица, Штип, Сарај, Илинден ќе работат според закон и систематизација. Нова систематизација сè уште не е предложена до Владата од МВР и Владата нема усвоено нова систматизација за работењето на МВР. Кога ќе биде изготвена нова систематизација од страна на службите во МВР, ќе биде предложена до Владата и кога таа ќе ја усвои, ќе продолжиме да ја имплементираме. Сè што сторивме изминатите 1,5-2 години зборуваат дека безбедноста на гараѓаните е далеку подобрена во споредба со претходно, особено ако се земат предвид бројките за вкупен кримианлитет. Бројките се најдобри во последните 20 години – истакна Тошковски.