Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Се етнизираат и човечки животи: Жалосно е што некои политичари се уште се во романтичен занес со национализмот

Жалосно е што одредни политичари се уште се во романтичен занес со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жалосно е што одредни политичари се уште се во романтичен занес со национализмот, па дури ги етнизираат и човечките живот. Обидите да му се стави етничка дамка на „Сејф сити“,нема да успеат, порачува премиерот Христијан Мицкоски.

Во одговор на пратеничко прашање, повторно порача дека остануваат одлучни овој системот да започне со имплементација, по цена дури и да падне Владата, бидејќи единствената цел е поголема безбедност во сообраќајот и што повеќе спасени живот.

-Политичарите кои се во романтичен занес, мислат дека ако ги етнизираат и упокоените кои за жал го изгубиле својот живот поради сообраќајни незгоди, треба да се гледаат низ оптика на етничка припадност. Оваа Влада е одлучена да овој проект биде ставен во функција се со цел да спаси човечки живот, без тоа да води математичка статистика итн, кој од која етничка припадност е, изјави Мицкоски.

Реклама

За пратеникот од коалицијата на ДУИ, Скендер Реџепи Зејд проблем бил и законот за правична застапеност, кој откако ги помина филтрите на Венецијанската комисија, треба да пристигне во Собранието. Според него и да бил совршен овој предлог закон, сепак не бил доволен. 

-Не постои таков механизам со кој што може да се одредува, го нема тоа ни во лична карта, ни во извод на родени, ниту во работна книшка, во ништо, во никаков документ не постои можност на определба на етничка припадност, затоа велам граѓаните треба да знаат, совршен да е законот за правична застапеност, пак не е доволен, изјави Реџепи Зејд.

Мицкоски вели дека одредени политичари нема ништо да добијат, доколку се обидуваат на секое прашање да стават етнички предзнак. Посочи дека ќе се води сметка за правичната застапенот, а тој ќе бил личен гарант за тоа, немало да се дозволи никој да се миноризира или мајоризира.

-Квалитетот на луѓето без разлика од која етничка припадност, треба да биде клучен и да биде приоритет, тоа е практично темелна уставна вредност и тоа е практично дел од меѓународните резолуции и конвенции. Јас жалам што упорно ги етнизирате прашањата, жалам што не излеговте од таа матрица после толку време, изјави Мицкоски.

Реџепи Зејд ја коментираше и работата на Уставниот суд во овој дел. Мицкоски возврати дека нема да ги коментира нивните одлуки, потенцирајќи дека е факт дека актуелното мнозинство во Уставен е избрано во време на претходната Влада, а не во оваа.

Матеја Петровски