Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Бојковска: За новиот Кривичен законик веќе има нацрт-верзија и ќе биде донесен до јуни

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за време на гостувањето на дебатна емисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за време на гостувањето на дебатна емисија на национална телевизија, изјави дека новиот Кривичен законик веќе има нацрт верзија и се очекува да биде донесен до јуни, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Денеска официјално се изгласа измената на Кривичниот законик којшто беше поднесен од 9 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои што сум и јас. Оваа измена доаѓа по онаа иницијатива и она укажување на Уставниот суд, којшто ни кажа дека доколку не направиме до крајот на годината измени во Кривчниот законик, ќе оставиме да имаме правна празнина, и оттаму доаѓа и таа иницијатива да поднесеме предлог измена на Кривичен законик и секако од оној упад којшто беше направен од претходната влада во 2023 година, каде што освен што се намалија казните по членот 353, односно злоупотреба на службена положба и овластување се бришеа и оние кривични дела односно инкриминацијта на одредени кривични дела, се со цел да се амнестираат и ослободат оние кои што  би се гонеле по овој член. Оттаму доаѓа овој предлог измена на Кривичниот законик, се со цел да се ублажат состојбите коишто беа настанати од претходната влада – рече Бојковска.

Бојковска истакна дека се подготвува нов Кривичен законик и постои работна група во Министерството за правда која веќе работи на него, а како што вели, истиот треба да биде донесен до јуни, бидејќи веќе постои нацрт верзија за истиот.

Реклама

– Се спрема нов Кривичен законик на којшто работи одредена работна група во Министерството за правда, којшто треба да добие позитивно мислење од Венецијанската комисија, и секако ќе се најде пред нас пратениците – кажа Бојковска и додаде:

„Очекувам овој нов Кривичен законик да биде донесен најдоцна до јуни месец оваа година, но очекуваме да биде тоа и порано, бидејќи знаеме дека веќе има некоја нацрт верзија од истиот. По финализирање на истиот закон, ценам дека Македонија треба да добие пред се еден квалитетен кривичен законик бидејќи најсложениот и најсензитивниот закон за сите граѓани во оваа држава е Кривичниот законик и треба да бидеме особено внимателни“.

Таа истакна дека ја поддржува измената на Кривичниот законик со оглед на тоа што и самата е подносител, и нагласи дека новиот Кривичен законик ќе биде ставен на ЕНЕР,  а ги повика и пратениците да дебатираат за поквалитетно законско решение.

-Спречуваме навистина нешто кое што беше нотирано во 3 извештаи на Европската комисија, во извештаи во Стејт департменот на САД којшто укажуваше дека Македонија се соочува со сериозно  уназадување на борбата на корупцијата и со гонењето на високиот криминал, токму поради овие измени. Ќе биде нов Кривичен законик, којшто ќе биде ставен на ЕНЕР, за којшто ќе можеме и ние пратениците да дебатираме за поквалитетно законско решение. Јас ги повикувам сите колеги мои пратеници, да учествуваат во таа јавна расправа, за да понудиме едно поквалитетно законско решение – заклучи Бојковска.