Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Николоски – Буриловиќ: Неработењето на превозниците е сериозна закана за регионалните економии

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој во рамки на работната посета на Загреб остварил средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската комора на Хрватска. Како што информира Министерството за транспорт, Николоски укажа дека состојбата со превозниците претставува сериозна закана за економската стабилност и развој. 

-Она за што зборувавме и големиот проблем што го засега целиот регион, а се однесува за превозниците. Информирав за состојбата за Македонија и регионот и се надевам дека ЕУ ќе изнајде решение се со цел да не се третираат професионалните возачи како туристи или мигранти, да се третираат како професионалци и на тој начин да можат да ја вршат својата работа. Се различно од ова ќе значи сериозен удар, не само за македонската и регионална економија туку и врз економијата во цела Европа, имајќи предвид дека бројни компании се извозно ориентирани и извезуваат, а исто така и бројни компании во рамки на ЕУ ги користат нашите производи. Апелирам уште еднаш и го подржувам протестот на превозниците, ова прашање да се реши што поскоро и од 10 април да немаме проблеми за превозниците  – изјави вицепремиерот Николоски по средбата.   

Како што соопштуваат од Министерството за транспорт, на средбата се разговарало и за зголемување на трговската размена и поголема соработка меѓу компании од двете земји.

Реклама

– Се надевам дека трговската размена ќе расте, се надевам дека ќе достигнеме до половина милијарда евра, а во перспектива да таргетираме и до 1 милијарда евра размена – изјави министерот Николоски.

Претседателот на Стопанската комора на Хрватска, Лука Буриловиќ, истакна дека добрата економска соработка бележи околу 330 милиони евра.

-Имавме доста теми на кои разговаравме. Она што сакам да истакнам е добрата економска соработка која бележи околу 330 милиони евра. Има голем потенцијал за развој и треба директно да соработуваме за да ја подигнеме оваа размена. Секако, значајна е инфраструктурата која доста се работи во Македонија, а и ние сме во замав. Зборуваме и за развој на железничката инфраструктура која во Хрватска е во подем и секако постои голем потенцијал за соработка меѓу нашите и македонските компании, изјави Буриловиќ.