Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Претседателот на Собранието Гаши на средба со амбасадорката на Кина, Шјаојан

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска остварил средба со Џијанг Шјаојан, амбасадорка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска остварил средба со Џијанг Шјаојан, амбасадорка на Народна Република Кина во Македонија.

Собраниската прес-служба соопшти дека Гаши изразил големо задоволство од средбата и истакнал дека „очекува искреното пријателство што постои меѓу двете држави во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува“.

-Тој потенцираше дека иако двете држави се географски оддалечени, односите меѓу нив се развиваат во духот на меѓусебното разбирање и заемно почитување. Република Северна Македонија континуирано го афирмира ставот за постоење на „една Кина”, како и ставот дека Владата на НР Кина е единствената легитимна Влада на кинескиот народ, а Тајван е недделив дел од кинеската територија, се наведува во соопштението. 

Реклама

Амбасадорката Шјаојан информирала за сите активности кои се преземени од Народна Република Кина за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областите како што се образованието, културата, науката, здравството, медицината и др.

-Таа истакна дека за Кина нашата држава претставува крстосница на повеќе цивилизации, мост меѓу Истокот и Западат и значаен партнер во регионот. Двајцата соговорници се согласија дека во иднина има уште многу нови можности за соработка особено во областа на дигитализацијата и вештачката интелигенција особено во време кога Собранието на Македонија сериозно работи на целосно дигитализирање на сите работни процеси во парламентот, известува собраниската прес-служба.