Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Партнерство за енергетска транзиција, МЖСПП и Институтот ЗИП потпишаа меморандум

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и директорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и директорот на Институтот ЗИП, Агим Селами, потпишаа меморандум за соработка со цел унапредување на енергетската транзиција и зајакнување на регионалната соработка во областа на енергетиката и животната средина, како и покровителство на форумот за енергетика „МЕФ 2026″.

Како што информираат од МЖСПП, целта на соработката е промовирање праведна енергетска транзиција, поттикнување на користењето обновливи извори на енергија и зајакнување на улогата на Република Северна Македонија како регионален фактор во овие процеси.

Форумот е планирано да се одржи во Скопје на 16 и 17 јуни 2026 година. Посебен фокус ќе биде ставен на вклучување високи претставници на институции, експерти и засегнати страни од земјите на Западен Балкан и Европската Унија.

Реклама

Со потпишувањето на меморандумот двете страни ја потврдуваат заложбата за партнерски пристап, координација и размена на знаења, со цел успешна реализација на форумот и унапредување на енергетските и еколошките политики во регионот.