Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Средба на претставници од ЦУК, МО, Армијата и членови на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во државава

Членовите на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија (АОА),…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија (АОА), како и претставници на Министерството за одбрана и Армијата, денеска беа во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), каде имаа средба со директорот и неговиот заменик, информираа попладнево од ЦУК.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али и заменик-директорот Трајче Јовановски ја истакнале важноста од континуираната соработка со дипломатските и воените претставништва.

– Соработката со одбранбените аташеи претставува значаен мост за градење меѓусебна доверба, навремена размена на информации и координирано дејствување во услови на комплексни безбедносни и кризни предизвици. Само преку партнерство и заеднички пристап можеме да обезбедиме ефикасен и навремен одговор во заштита на граѓаните и државата – потенцирал Али.

Реклама

Пред присутните била одржана и презентација за функционирањето на Центарот за управување со кризи, неговите надлежности и улогата во системот за управување со кризи. Притоа, како што се наведува во соопштението, истакнато било дека ЦУК претставува главна алка во процесот на координација, навремена комуникација и справување со кризни ситуации на национално ниво.

– Во конструктивна и професионална атмосфера беа разменети мислења и искуства, со посебен акцент на унапредување на институционалната и меѓународната соработка, како и на заедничките механизми за превенција и одговор при кризи – додадоа од ЦУК.

Од Центарот за управување со кризи нагласија дека остануваат цврсто посветени на градење силни партнерства со сите релевантни домашни и меѓународни чинители, со цел ефикасно, координирано и навремено справување со сите предизвици.