Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Николоски во Загреб – вицепремиерот активно бара решение за проблемот со транспортерите

Македонската влада е целосно ангажирана за изнаоѓање решение на проблемот. Како дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската влада е целосно ангажирана за изнаоѓање решение на проблемот. Како дел од напорите, во Загреб, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски разговарал со неговиот хрватски колега Олег Бутковиќ.

Николоски потенцирал дека проблемот е суштински и се однесува на транспортниот сектор во целиот регион на Западен Балкан. Тој нагласил дека станува збор за прашање со поширок обем, кое ги опфаќа и компаниите од ЕУ што инвестирале во Западен Балкан, а се извозно ориентирани кон европските пазари.

Во таа насока, Николоски побарал силна поддршка од Владата на Хрватска за изнаоѓање соодветно решение на ниво на Европската Унија, со кое ќе се олесни работењето на македонските и регионалните превозници. На средбата се разговарало и за унапредување на соработката во транспортниот сектор, особено во железничкиот со можност за набавка на нови возови и локомотиви, како и за модернизација на возниот парк за потребите на „Македонски железници – Транспорт“.

Реклама

Николоски и Бутковиќ разговарале и за зголемување на економската и трговската соработка, со фокус на инфраструктурните проекти во кои има можност да учествуваат и специјализирани компании од Хрватска, како и за потребата од силна поддршка за Македонија во евроинтегративните процеси.