Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Надлежна собраниска комисија го усвои амандманот за ажурирање на посебен регистар за лица осудени за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија

Комисијата за социјална политика, демографија и млади на денешната седница го усвои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за социјална политика, демографија и млади на денешната седница го усвои предложениот амандман на Предло законот за изменување и дополнување на Законот за посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија и го проследи на понатамошна постапка во Собранието на Македонија.

Со предложениот амандман се превидува најмалку еднаш годишно да се ажурира системот, да се изврши проверка и усогласување на внесените податоци со податоците на Министерствата за внатрешни работи и за правда. Суштината, како што посочија на седницата е да се осигури безбедноста на децата-да не смее да зависи од ажурноста и ненавременото доставување податоци од институциите како и регистарот да остане функционален, да биде штит на безбедноста на децата.

Пред комисијата амандманот го образложи пратеничката Бисерка Златевска, која наведе дека содржината на амандманот гласи „органот надлежен за водење на посебниот регистар е должен најмалку еднаш годишно да изврши проверка и усогласување на внесените податоци со податоците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и за утврдените неусогласености веднаш да преземе мерки за нивно отстранување“.

Реклама

– Посебниот регистар мора да биде штит за одбрана односно системска заштита на децата и ако не се проверува редовно со време ќе стане слаб. сите ние сме тука да обезбедиме законски решенија коишто ги носиме треба навистина да функционираат во пракса и да создаваат безбедна средина за раст и развој на децата, рече Златеска. Со амандманот, како што посочи се обезбедува континуитет и сигурност во системот што постои, нагласувајќи дека ризикот на децата не завршува со прависилноста на пресудата и продолжува во секојдневните активности.

– Ако податоците во регистарот не се точни, ажурни, тогаш родителите немаат реална информација, а институциите немаат сигурност за постапување. Со тоа децата остануваат подложени на ова зло, рече Златеска, објаснувајќи дека амандманот не создава дополнителни трошоци.

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, како претставник на предлагачот на законот се заблагодари на комисијата која после неколку месеци каде што бил „заглавен“ законот денеска има можност да се образложи.

– Од големо значење е предлогот на амандманот којшто е предложена од страна на пратениците и е за подобрување на самиот систем и затоа за министерството е прифатлив како таков, го прифаќаме и сметаме дека со тоа ќе далеку ќе биде поажурен самиот систем на регистарот којшто треба да биде видлив за сите нас односно за сите граѓани во Македонија, рече Велковски.

Пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи кажа дека не смее да се пролонгираат работите, важни за целата држава „заради политички каприц“, бидејќи како пратеници имаат и морална одговорност и треба да покажат грижа за најважниот дел од општеството-децата.

– Денеска стигнавме до комисијата и се надевам дека законот ќе добие „зелено светло“ во Собранието, рече Салиу-Фетаи.

Претседавачот на комисијата, Олга Лозановска во воведниот дел образложи дека сексуалната злоупотреба на деца остава долготрајни трауми кај детето и претставува кривично и неморално дело кое никогаш не може да се прифати за нормално и не е општествено прифатливо.

– Сексуалната злоупотреба на децата може да резултира со краткотрајни, но најчесто долготрајни повреди од психолошки, емоционален, физички, социјален аспект. Тие деца имаат проблеми со учењето обично деструктивно се однесуваат, склони кон криминалитет како и консумирање на алкохол и недозволени супстанции, се со цел спречување и борба против експлоатација и сексуална злоупотреба на децата. Заштита на нивните права врз основа на националната и меѓународната соработка против сексуалната злоупотреба и експлоатација на децата се носат точно овие измени дополнувања на законот за посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба, рече Лозановска.

На седницата беа усвоени и записниците од претходно одржаните седници.