Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Студентите од Универзитет Скопје во посета на саемот за туризам во Мадрид

Студентите на Универзитет Скопје остварија значајна академска посета на седиштето на Светската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Студентите на Универзитет Скопје остварија значајна академска посета на седиштето на Светската туристичка организација (UN Tourism) во Мадрид.

Студентите беа пречекани од директорот за иновации и едукација, Антонио Лопез де Авила. Ректорот на Универзитет Скопје проф. д-р Аце Миленковски, ги запозна студентите со членството во оваа престижна меѓународна организација, истакнувајќи ги придобивките, можностите и престижот од тоа што Универзитетот е единствена членка од Македонија.

Во рамки на активностите на престижниот Меѓународен саем за туризам „FITUR ” во Мадрид, Ректорот на Универзитет Скопје, професорите и студентите, го посетија и штандот на нашата Македонија. Ова искуство претставува значаен поттик за младите академци и уште една потврда за важноста на поврзувањето на образованието со реалните културни и туристички практики.

Студентите од Универзитет Скопје, во текот на посетата на саемот за туризам „FITUR”, имаа можност директно да комуницираат со изложувачите, да присуствуваат на професионални презентации и одблиску да се запознаат со начинот на функционирање на меѓународниот туристички пазар. Ова искуство им овозможува практични знаења, нови перспективи и вредни контакти кои ќе бидат значајни за нивниот иден професионален развој.