Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Амандманска расправа по Законот за Посебен регистар за лица осудени за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија

Во Собранието денеска седница ќе одржа две комисии – Комисијата за социјална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска седница ќе одржа две комисии – Комисијата за социјална политика, демографија и млади и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на двете комисии е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија, во второ читање. За Предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова, заради допрецизирање на рокот, кој се однесува на надлежниот орган за водење на Посебниот регистар, а е предвиден да изнесува од најмалку еднаш годишно, во кој ќе се врши проверка и усогласување на внесените податоци со податоците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и доколку постојат неусогласености веднаш ќе се преземаат мерки за нивно отстранување.

Како што се посочува во образложението за Предлог-законот објавено на собраниската веб-страва, со овие измени се одредуваат институциите кои се непосредно одговорни за примената на законот и постапките во делот на доставување на потребните податоци кои треба да бидат внесени во Регистарот кој го води ЈУ Завод за социјални дејности. Се потенцира дека се направени и измени кои се резултат на практичната примена на Законот и на потребата од надминување на проблемите кои се појавија при неговата досегашна примена. 

Реклама

-Предложените измени и дополнувања на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија ги содржат следниве решенија: Усогласување на одредбите на овој закон со Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик („Службен весник на Македонија“ бр.36/23) во делот на Глава деветнаесет „Кривични дела против половата слобода и половиот морал“. Определување на институциите и постапката за доставување на податоците кои што треба да бидат внесени во Регистарот за лицата осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија. Усогласување со одредбите на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Македонија“ бр.121/24), се посочува во образложението за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Посебен регистар за лица осудени со правосилна пресуда за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија.