Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Министерство за правда го добило дописот со номинираните пратеници во работната група за Изборниот законик

Во петокот е испратен дописот од Собранието до Министерството за правда со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во петокот е испратен дописот од Собранието до Министерството за правда со номинирани претставници од парламентарните партии и независни пратеници кои ќе учествуваат во работната група за новиот изборен законик, потврдија за МИА од двете институции.

Се очекува да биде свикана конститутивната седница на која треба да се утврди начинот на работење. Списокот со предложените партиски претставници е веќе пред министерот за правда Игор Филков и се чека  да ја закаже првата средба. Од владејачките ВМРО-ДПМНЕ во работната група ќе бидат пратениците Антонијо Милошоски и Иванка Василевска, од ЗНАМ ќе бидат Павле Арсоски и Даниел Стојчевски, од ВРЕДИ – Саранда Имери и Зеќирија Таири.

Од опозициската СДСМ во работното тело за изборниот законик ќе учествуваат координаторот Оливер Спасовски и Јована Тренчевска, од ДУИ поранешната пратеничка Арта Биљали Зендели, како и Блерим Беџети, а од Левица – Борислав Крмов и Реџеп Исмаил. Од крилото на Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села, претставници ќе бидат пратениците Илире Даути и Елми Азири, од крилото на Арбен Таравари се пратениците Ријад Шаќири и Халил Снопче, додека од Партијата на Турците е пратеникот Бејџан Иљас.

Реклама

Неизвесно е кој ќе биде претседател на работната група, а неодамна интерес да застане на чело на работното тело пројави претседателот на Собранието Африм Гаши, за, како што рече да се забрза работата, но не се исклучува на тоа место да биде избран и претставник од Министерството за правда. Со ова, пратениците по повеќе од половина година ќе треба да почнат да работат на новиот изборен законик.

Дали партиите ќе успеат да постигнат консензус, ќе зависи и епилогот дали ќе се усогласат за нов изборен законик, како што сугерираат правните експерти, Министерството за правда и Државната изборна комисија, или повторно ќе договорат само измени на веќе постојните изборни правила.

На лидерската средба што неодамна ја свика премиерот Христијан Мицкоски, беше договорено дека е потребен нов изборен законик што треба да биде готов до јуни. Изборниот законик е дел и од Реформската агенда. На последната средба на координаторите на пратеничките групи и на министерот за правда беше констатирано дека ако пратениците утврдат, ќе се менува повеќе од една третина од Изборниот законик. Во тој случај ќе треба да се изготват нови изборни правила, во спротивно ќе се менува постојниот.