Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Гроздан Караџов: Големи економски загуби за сите од блокадата на границите со Србија и Македонија

Економските загуби за сите земји, не само за Бугарија, ќе бидат многу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Економските загуби за сите земји, не само за Бугарија, ќе бидат многу големи од блокадата на границите со Србија и Македонија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски во оставка, Гроздан Караџов, за време на Софискиот економски форум, пренесува БТА.

Караџов дополни дека „ваквите блокади, покрај кршењето на некои од основните права, правото на слободен премин и правото на слободен транспорт на стоки, водат до многу сериозни економски последици не само за транспортниот сектор туку и за сите други економски сектори, кои зависат од снабдувањето“ и обично не водат кон решавање на проблемите.

– Подобро е да се седне и да се разговара со институциите, во овој случај со европските институции – ниту Владата во Бугарија ниту која било друга земја членка нема никаква врска со оваа одлука. Затоа е правилно да се седне и да се разговара со европските институции за да се бара заемно корисен компромис. Нема потреба самите земји, Србија и Македонија, нивните економии да страдаат толку колку и нашите економии и со тоа да се казнуваат меѓусебно – рече Караџов.

Реклама

Укажувајќи дека министрите во европските земји учествуваат во разни формати за прашања поврзани со транспортот, рече дека она што може да го направат е да ја повикаат Европската комисија што побргу да почне преговори со двете земји, а во исто време да ги отвори границите додека не се најде решение. Бугарија, како што вели, нема право да донесува такви одлуки. 

Караџов додаде дека ќе иницира до своите колеги да се отворат „прозорци“ на границите во Србија и Македонија, но посочи дека таква опција тешко ќе се постигне.

Товарниот сообраќај во регионот од вчера е во прекин на граничните премини кон шенген-зоната поради блокадите на камионските превозници, кои бараат да се промени правилото на ЕУ за електронска евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена.