Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски

Управата за јавни приходи (УЈП) тековно презема активности во рамките на своите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи (УЈП) тековно презема активности во рамките на своите надлежности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски за поднесување ДДВ-04 пријава, информираат од УЈП по реакциите дека поради технички проблеми во функционирањето на системите на УЈП, даночните обврзници биле оневозможени да поднесат ДДВ-04 пријава за последниот даночен период. Нагласуваат дека во периодот на масовно поднесување на пријавите не биле забележани технички проблеми во функционирањето на системот.

Во таа насока, како што велат, користејќи ги сите расположливи официјални канали, пред истекот на законскиот рок за доставување на ДДВ-04 пријавите, од нивна страна објавено е соопштение на официјалната веб-страница на УЈП на 23.1.2026 година со апел до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја исполнат законската обврска за поднесување и плаќање на данокот на додадена вредност искажан во месечните и тримесечните ДДВ-пријави и да ги исполнат своите законски обврски навремено за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци. Линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1188 .

– Проследени се и превентивни пораки преку електронската пошта [email protected] на 22.1.2026 година до 2.534 даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-пријава за даночниот период 1.12.2025 – 31.12.2025 година, како и на 23.1.2026 година до 11.967 даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-пријава за даночниот период 1.10.2025 – 31.12. 2025 година, посочуваат од УЈП.

Реклама

Нагласуваат дека во периодот на масовно поднесување на пријавите Управата за јавни приходи обезбеди континуирана техничка поддршка и достапност на ресурсите, вклучително и увид во функционалноста на системите во согласност со кој не беа забележани технички проблеми во функционирањето на системот.

– За тоа е објавено соопштение на официјалната веб-страница на УЈП на 26.1.2026 година со укажување дека поднесувањето голем број на ДДВ-04 пријави во последниот ден значително го оптоварува електронскиот систем поради што можно е зголемување на времето на чекање за обработка на даночните пријави. Линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1189   .