Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот

Како полноправна земја членка на ИХРА, македонската Влада останува цврсто посветена на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како полноправна земја членка на ИХРА, македонската Влада останува цврсто посветена на борбата со антисемитизмот, искривувањето на историските факти и негирањето на холокаустот, истакна заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, во поздравното обраќање на настан со кој Министерството денеска го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот.

Како што информира МНРиНТ, Димитровски им оддал почит на жртвите и на денешните наследници на македонските Евреи кои биле депортирани во 1943 изразувајќи надеж дека со „доследна едукација на младите генерации за холокаустот ќе може како цивилизација да спречиме антисемитски акти во сите нивни форми“.

На настанот се обратиле и амбасадорката на Државата Израел, Вивијан Аисен, и претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви.

Реклама

– Одбележувањето беше проследено со сведоштво за единствената преживеана Еврејка од Штип, Шела Алтараз. Ученици од Основното училиште „Димитар Влахов“ од Штип изведоа краток сценски перформанс со наслов „Писмо од Треблинка“. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше отворена и изложба посветена на жртвите на холокаустот, прикажана од детска перспектива – соопшти Министерството.

Македонија е полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (International Holocaust Remembrance Alliance – IHRA). 

МНРиНТ посочува дека Меморијалниот центар на холокаустот на македонските Евреи во Скопје е еден од ретките во светот кој сведочи за страдањата на 7.144 македонски Евреи убиени во логорот Треблинка во окупираната Полска. Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 Евреите од Штип, Битола и Скопје биле присилно собрани и потоа депортирани во Треблинка, од каде што не се вратиле во своите домови. 

– Активностите на државата се насочени кон почитување на историските факти и зачувување на колективното сеќавање на холокаустот, со јасна и трајна порака: никогаш повеќе – соопшти за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.