Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

На ГП Блато минатата година откриени 15 кривични и 32 прекршочни дела

Полициските службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин Блато…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициските службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин Блато на македонско-албанската граница кај Дебар минатата година откриле повеќе кривични и прекршочни дела во споредба со претходната година.

– Во текот на 2025 година полициските службеници од полициската станица за граничен надзор и граничен премин Блато открија 15 кривични и 32 прекршочни дела, што е за три, односно 16 дела повеќе во споредба со претходната година – изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Додаде дека станува збор за сторени кривични дела шверцување, фалсификување исправи и шверцување добиток, при што запленети се 29 грла крупен добиток при обид за шверцување преку државната граница, потоа давање поткуп, како и по други основи.

Реклама

– Минатата година од слобода лишени се 22 лица, или 15 повеќе од 2024 година, а приведени биле 7 лица поради нелегален премин на македонско-албанската граница или пет лица помалку во споредда со претходната година – посочи Димоски.

Кога станува збор за сторителите лишени од слобода, тие се македонски и албански државјани.