Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Возел со 3,19 промили алкохол во крвта и излетал од патот, приведен 38-годишник од кратовско Татомир

Возел со 3,19 промили алкохол во крвта и излетал од патот, полициски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Возел со 3,19 промили алкохол во крвта и излетал од патот, полициски службеници лишиле од слобода 38-годишник од кратовското село Татомир.

– Синоќа во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР – Кратово го лишија од слобода С.С., на возраст од 38 години од кратовското село Татомир. Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат село Татомир – Кратово, во селото Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки, констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што додадоа, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.