Реклама

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Македонија

УКИМ: Осумдесет и двајца студенти минатиот семестар ја завршија Програмата за изучување на холокаустот  

На 82 студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 82 студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје им се доделени сертификати за завршен универзитетски курс за изучување на холокаустот. Тие во изминатиот семестар ја следеа програмата организирана на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а сертификатите им беа врачени вчера во Ректоратот на УКИМ, на комеморативниот настан „УКИМ се сеќава“, со кој беше одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје соопшти дека со овие 82 студенти вкупно 375 ја следеле оваа програма во изминатите три години.

– Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е еден од двата европски универзитета кои во 2023 година го добија престижниот грант на Конференцијата на еврејските материјални побарувања од Германија од Њујорк, што овозможува реализација на програмата на курсеви за изучување на холокаустот до 2027 година – соопшти Правниот факултет на УКИМ. 

Реклама

На комеморативниот настан вчера се обратиле амбасадорката на Израел, Вивиен Ајсен, пратеничката Рашела Мизрахи, директорот на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикаријо, и раководителот на Универзитетската програма за изучување на холокаустот, проф. д-р Мишо Докмановиќ.

– На настанот зборуваше и Ефрат Барух Алтарац, снаа на последната преживеана Еврејка од Штип – се наведува во соопштението.