Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Муцунски: Од Брисел деновиве повторно има иницијатива за организирање средба со Бугарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека од Брисел деновиве повторно има иницијатива за организирање средба со Бугарија за откочување на евронтеграциите на државава. 

Муцунски вечерва во гостување на една од националните телевизии рече дека фокусот во евроинтеграциите на прв план го ставаме на домашните реформи и оти има задоволство и од Брисел, при што посочи дека Акцискиот план за заштита на малцинствата беше поздравен од неколку земји членки.   Но, нагласи, недостасува дијалог за наоѓање решение за најкомплескиот  проблем.

– Во тек на декември имаше сериозни иницијативи од неколку поголеми и повлијателни земји членки на ЕУ  заедо со раководството на ЕУ за организирање средба помеѓу мене и мојот колега Георгиев. Како Влада бевме прашани да предложиме неколку датуми, ние рековме определете го датумот, но за жал од страна на  Софија немаше позитивен фидбек.  Деновиве повторно од Брисел има иницијатива  за организирање средба.  Повторно, на располагање сме кога другата страна ќе биде подготвена да ги размениме нашите аргументи да ги кажеме нашите објективни грижи, нашиот страв дека повторно и да се донесат уставните измени нашата држава ќе биде ставена во иста позиција заради прашања поврзани со идентитет, историја и јазик. Да ги кажеме нашите грижи за непримената на пресудите на Меѓународниот суд за човекови права од страна на соседна Бугарија, да дискутираме како соседи кои што во последните месеци, на пример на Коридорт 8 дека можеме да постигнеме успех доколку сакаме, рече Муцунски.

Реклама

За решение, дополни, се потребни двајца, добра верба и да се дискутира во духот на европските вредности. Нашата Влада е подготвена и денес и утре и кој било ден да има таква дискусија, независно од тоа кој ќе биде резултат на изборите во Софија. 

– Кога дискутираме со претставниците на земјите членки на ЕУ, на ЕК, секогаш има обид да се најде некое решение. За жал, не можам тие идеи да ги споделам сега со јавноста бидејќи во истиот момент ќе бидат отфрени. Постојат повеќе идеи.  Граѓаните треба да знаат дека за нас се клучни неколку фудаментални прашања, Прво да се стави крај на нашите национални отстапки, не само кон Бугарија туку кон која било држава а кои задираат кон нашите идентитетски обележја – јазикот, културата, историјата. Исто така наше очекување е дека македонските национални малцинства кои живеат надор од нашите граници, посебно тие во земјите членки на ЕУ, ќе добијат европски третман, рече Муцунски.

Тој оцени дека за жал можеби заради изборниот процес во Бугарија „видовме некоректен пристап кон Акцискиот план за малцинства“.

– Софија се однесува како што се однесува,  ние треба да се фокусираме на домашните реформи, да го европеизирае нашето општетсво, да ги исполнѕваме меѓународните  обврси и истовремено да бидеме проактивен чинител во изнаоѓање решение, рече Муцунски.