Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Милошоски со апел до кипарскиот амбасадор проблемот со превозниците да се стави на дневен ред во Брисел

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Антонио Милошоски, денеска, на седницата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Антонио Милошоски, денеска, на седницата на претставувањето на приоритетите на кипарското претседателство, побара од амбасадорот на Кипар за земјата, Андреас Фотиу, да го стави на дневен ред во Брисел протестот на камионџиите, кои за денеска најавија блокада на границите кон ЕУ.  

– Амбасадоре, на 17 декември 2025, комесарката Марта Кос потпиша меморандум за побрза интеграција и за побрз и непречен транспорт со земјите од Западен Балкан, но вклучително и со Молдавија, Грција, Бугарија, Италија. Овој меморандум е во склад со политиката на ЕУ за планот за раст, чија цел е како да се создаде со секои поминати месец и година поголема интеграција на пазарот на земјите од Западен Балкан и негово посилно интегрирање во пазарот на ЕУ – рече Милошоски.

Тој истакна дека потпишаниот меморандум од Кос особено се однесуваше на т.н. зелени ленти за побрз транспорт и побрзо движење на превозниците и оти тоа покажува дека со овој документ самата ЕК потенцира оти овој сектор на превозници како битен сегмент од регионалното стопанство, но и битен сегмент од стопанството и на ЕУ, има статус на посебна категорија.

Реклама

– Затоа нашиот апел до Вас, од име на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери, е да побараме од кипарското претседателство оваа тема за балканските превозници како значаен сегмент од стопанството во регионот да биде ставена на дневен ред на претседателството на Кипар и да се најде начин во постојната регулатива како овој проблем да се надмине со заемна корист на сите учесници и актери во оваа тема – нагласи Милошоски.

Според Милошоски, ако ние може да имаме заедничка и надворешна безбедносна политика усогласена со ЕУ, тогаш можеме да имаме и заедничка транспортна политика усогласена со ЕУ, а во корист на стопанството на земјите од Западен Балкан.

– Ова прашање на проблемот со превозниците го засега прашањето на кредибилитетот на ЕУ и потенцијалот на Унијата да решава одредени проблеми бидејќи ние како земји на европскиот континент сме продуктивни кога станува збор за декларации, резолуции, планови, агенди…, но кога станува збор за надминување одредени предизвици тој настанат проблем денес сметам дека ќе послужи многу доколку најдеме начин како да го надминеме – потенцира тој.

Милошоски истакна и дека доколкку постои политичка волја, доколку се цени стопанскиот интерес и доколку има добра координација во рамките на кипарското претседателство со земјите членки и со ЕК, дека се можни корисни решенија за овој предизвик.

– Тие решенија ќе бидат корисни и за регионалното стопанство и за стопанството во ЕУ, но исто така и за кредибилитетот на ЕУ и за она за што се залага – за заедничкиот единствен пазар на ЕУ и земјите од Западен Балкан да станува реалност наместо предмет на фрагментација и на вакви ненадминливи технички проблеми – рече Милошоски.

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции,  Венко Филипче, се согласи дека ограничувањето на движењето на нашите превозници со воведувањето на новиот електронски систем од ЕУ директно ќе го почувствуваат нашите граѓани и економијата. Тој притоа изрази загриженост за, како што рече, „ситуацијата во земјата за немањето никаков прогрес на европскиот пат“. Оцении дека геополитичката ситуацијата во светот драстично е сменета, а напред кон Европа во едни други околности одат Украина, Молдавија. 

– Го слушаме премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, како повикува на политички одлуки за прием во Европската Унија, меѓутоа дури и тоа да се случи, не ја спомнува Северна Македонија, се осврнува на Босна и Херцеговина. Што значи дека никаква домашна задача не е завршена, не сме го зајакнале системот, не можеме да бидеме спремни ниту за некаква политичка одлука доколку дојде до такво нешто во рамките на ЕУ – оцени тој.

Тој смета дека проблемот е во немањето политичка волја да се спроведат уставните измени, кои, според него, „се очигледно единствениот начин да се продолжат преговорите“.

Покрај најавите на Владата дека нешто ќе се репреговара, ќе се менува, очигледно дека тоа не се случува, вели Филипче, според кого, ова е едно намерно запирање на европскиот пат на земјата притоа упатувајќи забалешка и за, како што вели, неспроведување на реформската агенда оти од законите што требало да се донесат лани се донел само еден.

– Во тој дел на неспроведувањето на реформите, неправењето никаков чекор кон спроведувањето на уставните измени, ограничувањето на слободата на говор, сомнителниот капитал, кој доаѓа од други земји, флертувањето и отворената соработка со луѓе блиски на рускиот претседател Путин, контролата на медиумите од страна на луѓе блиски на Орбан, сериозно го поставува прашањето дали оваа Влада воопшто, јас мислам дека не, сака да направи чекор кон Европската Унија – оцени Филипче.

На ова претседателот на Комисијата за европски прашања, Антонио Милошоски, даде забелешка дека неговиот говор е најдобар демант на неговите забелешки дека нема слобода на говор во земјата.

– Но, има еден друг проблем. Негови пратеници најавуваат дека неговата партија е пред политички стечај. И веројатно е оправдано од негова страна да го сврти фокусот на друго место, онааму каде што нема проблеми да ги измисли или таму каде што нема недостатоци, да ги создаде или доколку има, да ги преувеличи – вели Милошоски.

Потпретседателката на Националниот совет за евроинтеграции, Марија Петрушевска, истакна дека транспортерите се сочуваат со посеризен проблем кој ќе влијае не само овде и во земјите од Западен Балкан туку и во ЕУ.

– Потребно е помалку бирократија, а повеќе решенија и затоа во таа насока и јас се приклучувам кон апелот до кипарскиот амбасадор. Потребна ни е акција за оваа политика, која нè засега токму сите – посочи Петрушевска.

Пратеникот Халил Снопче, пак, осврнувајќи се на приоритетите на кипарското претседателство, истакна дека е од особена важност што еден од приоритетите е унапредување на процесот на проширување на ЕУ, притоа, посочи, да не се заборави фокусот на владеењето на правото и на реформите во оваа област.