Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

Набавка на дрон специјализиран за мерење на квалитетот на воздухот, вработување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Набавка на дрон специјализиран за мерење на квалитетот на воздухот, вработување на 5 инспектори за животна средина, техничка и теренска ревизија на сите издадени „А“ и „Б“ дозволи, како и сите постоечки елаборати за заштита на животната средина, зголемен буџет за заштита на животната средина, обезбедување материјални средства за 100 проби во акредитирана лабораторија, поставување камери на дивите депонии и јавно објавување и отчет за работата на инспекторите во општината, побараа од денешниот протест против аерозагадувањето од Здружението „Здрава котлина“, кој се одржа во центарот на градот пред крстосницата на ТЦ „Глобал“ во Струмица.

Покрај тоа, од сите пратеници од струмичко во Собранието побараа да поднесат иницијатива за итна измена на Законот за индустриски емисии со бришење на деловите каде се дозволува деловна тајна за процесите на емисија, законска можност за загадување повеќе од дозволеното, како и вметнување на обврската за сите „А“ и „Б“ интегрирани еколошки дозволи за воспоставување автоматски континуиран мониторинг со постојана видливост на резултатите.

-Ако овие наши барања не се исполнат во најкус можен рок, ќе продолжиме со протести и блокади се до остварувањето на нашите барања. Струмица има право да дише. Сакаме чист воздух, порача Оливера Аризанова Мансбарт од „Здрава котлина“.

Реклама

Пред насобраните граѓани се обратија повеќе активисти и граѓани, кои алармираа за состојбите со аерозагадувањето во Струмица, притоа потенцирајќи дека едвај педесетина денови во годината градот не е загаден и дека постојано  ги зазема највисоките места во домашните и европските мерења по загаденост.

Денешниот протест се одржа под мотото „Излези. Застани. Зборувај за себе. За своите деца. За здравјето. За иднината“.

Инаку, „Здрава котлина“ и лани во февруари и јули организираше протести против аерозагадувањето.