Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Стојаноски: СДСM и ДУИ здружени и во опозиција гласаат против закони во корист на безбедноста на граѓаните

Во Собранието вчера при усвојување на измените на Законот за прекршоци потребен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието вчера при усвојување на измените на Законот за прекршоци потребен да почне и официјално со функционирање системот безбеден град, ние пратениците и јавноста во Македонија, сведочевме на однесувањето на деструктивната опозиција олицетворена во СДСM и ДУИ. СДСM и ДУИ покажаа дека се нераздвојни дури и во опозиција. Пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети, се здружија против безбедноста и животите на граѓаните во сообраќајот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. 

СДСM и ДУИ наместо да се надминат себе си и да гласаат за законски измени, кои се во корист на граѓаните, одлучија да тераат инает. Те не им чинело едно, те друго, те мислеле ќе злоупотребуваат податоците на граѓаните. Тука се поставува едно логично прашање, што правеа додека беа на власт заедно седум години, ако толку нешто не чини, или беа и се уште се здружени само за лични цели.

Зошто нивниот министер Оливер Спасовски, не направи ништо по прашањето за безбедност на граѓаните во сообраќајот? 

Реклама

Дека е користен проектот безбеден град, поточно систем за граѓаните говори и статистиката. 

Првиот ден кога стартуваше, беа регистрирани околу 110 илјади прекршоци, а за само 24 часа бројката на сообраќајните прекршоци е намалена за половина или на околу 50 илјади прекршоци. 

Што се однесува до жртви на патиштата. Бројката на жртви во сообраќај во Македонија е 65 лица на еден милион жители, а европскиот просек е 45 жртви годишно на еден милион жители или во Македонија има четвртина повеќе од европскиот просек. 

Во декември 2025 година и јануари оваа година, бројката на смртни случаи е намалена од 11 на 2 смртни случаи.

Почитувани, 

СДСM и ДУИ се против систем кој придонесува за зголемување на безбедноста на граѓаните. 

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжува да се грижи и да носи мерки и закони корисни за граѓаните.