Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство, кое ќе биде процентуално

Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

– Сакам да истакнам дека перцепцијата оти во јавниот сектор и во раководењето на јавниот сектор има некакво спротивставување на соодветно вреднување на работата. Да повторам дека во секторот здравство кумулативно платите во ноември 2024 и март 2025 се зголемија 17 проценти, диспропорционално многу повеќе со основно и со средно образование, кај лекарите помалку бидејќи зголемувањата беа линеарни. Кај матичните доктори капитациите се зголемија 33 отсто. Историско зголемување што беше направено за да се зголемат платите на докторите и на медицинските сестри вработени таму бидејќи ние цврсто веруваме дека работата треба соодветно да биде вреднувана – рече директорот на ФЗО на прес-конференцијата во Владата, на која заедно со министерот за дигитална трансформација промовираа четири нови електронски услуги на Фондот за граѓаните.

Тој потсети дека, според договорот со синдикатите, во март годинава ќе има уште едно зголемување на платите во јавното здравство.

Реклама

– Мислам дека барем платите за средномедицинскиот кадар, за медицинските сестри, се конкурентни на приватниот сектор. Мислам дека и во некои други сектори – образование, има постигнато договори за зголемување на платите, така што барем во мојот сектор можам со сигурност да кажам дека има силна поддршка натамошното зголемување на платите во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа. Тука остануваме посветени. Веќе може да најавам дека нема да биде еднакво зголемувањето во март за сите, туку ќе биде процентуално бидејќи платите меѓу понискиот кадар и докторите – коефициентот и разликата меѓу нив се намали, а сепак мора да бидат соодветно вреднувани и лекарите – појасни Клековски.

Во однос на констатираните наоди од спроведените контроли минатата година во јавни здравствени установи за директори и доктори што незаконски зеле повеќе пари од тоа што треба, а за кои било кажано дека ќе биде побарано да се вратат, дали ги вратиле и дали има и други менаџери што незаконски си ги зголемиле платите, рече дека досега нема поврат на пари од прекумерните исплати.

– Во однос на извршените контроли, констатираните пречекорувања на надоместоците поврзани со работата, заклучно со 31 декември, ниедна јавна здравствена установа нема поврат на прекумерно исплатените надоместоци, плати. Ние немаме направено повторна контрола, меѓутоа знаеме дека нема направено поврат – одговори Клековски.

На дополнително прашањето што доколку не ги вратат парите, директорот на ФЗО беше дециден дека на повторените контроли ќе бидат изречени казни. 

– Ние работиме и на дигитализација – тоа е внатрешно прашање на контролата на ФЗО, што е една од најважните функции на ФЗО. Со дигитализацијата таму сакаме да воспоставиме и критериуми, каде што честите казни ќе водат кон последици на нашиот севкупен однос со установата. Во овој момент казните кон јавни здравствени установи се симболични. Не дејствуваат образовно, едукативно – условно да кажам, не влијаат на спречување. Највисоката казна за здравствена установа е седумдесет и пет илјади денари. За установи што имаат милионски буџети, таа е безначајна. Го гледаме цел тој сегмент, не сакаме да казнуваме – тоа е последното нешто. Меѓутоа, сакаме да воспоставиме систем во кој оние што не ги кршат правилата и регулативите, треба да бидат наградени, поттикнати, со понатамошни подобрувања – додаде директорот на ФЗО, Сашко Клековски.