Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Изложба на фотографии и проекција на документарец во Сули ан во рамки на проектот „Старата скопска чаршија: визии за иднината”

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм реализирани во рамките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм реализирани во рамките на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, ќе бидат претставени вечер во галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Сули ан, во Скопје.

Настанот ќе го отворат амбасадорите на Франција и на Германија, Кристоф Ле Риголер и Петра Дрекслер. 

Францускиот институт во Скопје во соработка со Гете Институтот и со поддршка на Универзаланата сала, ја организира оваа изложба на фотографии реализирани од студентите што учествувале во работилницата со реномираниот германски фотограф Хајнрих Холтгреве, а повод е одбележувањето на Елисејскиот договор.

Реклама

-Фотографиите претставуваат спој на старите и нови градби, обичаи и начини на живеење во Старата скопска чаршија, откривајќи ги нејзините мултикултурни аспекти, лица, споменици и сокаци, се наведува во соопштението.

Во рамките на настанот ќе биде прикажан краткиот документарен филм на француската режисерка Леонор Мерсие и студентите од Факултетот за драмски уметности, кој ги истражува културните белези и меѓукултурниот и меѓугенерациски дијалог во стариот град.

-Филмот прикажува сцени од дневниот живот во Старата скопска чаршија – амбиентот во кафулињата, ресторани, продавници, зелениот пазар, како и културниот живот на овој историски локалитет, соопштија од Францускиот институт во Скопје.

Според Францускиот институт, проектот имаше за цел да ја стимулира креативноста кај младите, да го промовира историското наследство на Скопската чаршија и да понуди креативни решенија за зачувување на културното наследство во иднина.

-Проектот ја нагласи важноста на меѓународната соработка за зачувување и валоризација на ова заедничко наследство. Во рамките на проектот беа реализирани пет работилници – по видео, фотографија, историја, книжевност и архитектура – во кои учествуваа повеќе од 25 студенти од различни факултети во Скопје, работејќи со реномирани меѓународни и домашни артисти, режисери и професори, се наведува за документарецот и изложбата чие свечено отворање ќе се одржи вечер во 19 часот. 

 Во рамките на настанот, ќе им бидат доделени благодарници на сите учесници на проектот.