Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Гимназијалецот Јордан Ангелески го фати светиот крст и е најсреќен на Водици во Прилеп

Јордан Ангелески, 17 годишник, ученик во прилепската гимназија е најсреќниот годинава кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јордан Ангелески, 17 годишник, ученик во прилепската гимназија е најсреќниот годинава кој го фати светиот крст од осветените води во базенот во прилепскиот хотел „Салида“ на централната манифестација за Богојавление -Водици во Прилеп.

На Ангелески ова му е прво учество и токму на именденот. Очекува и посакува среќа за сите.

-Ова ми е прват, и, очигледно прва среќа. Огромно е задоволството, но и честа да се учествува на манифестацијата за Водици. Посебно сум среќен дека и на Водици сум крстен. Како средношколец, очекувам повеќе среќа. Се пријавив да скокам за здравје. Среќата за мене е посебна. Бог се јави-навистина се јави, изјави најсреќниот прилепчанец Јордан Ангелески.

Реклама

Општина Прилеп продолжува да биде покровител на сите настани, како и денешниот на Богојавление -Водици. Му посакувам среќа на Јордан Ангелески и му го честитам именденот, рече прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

Ангелески од локалната самоуправа доби сувенир и ваучер на 20 000 денари, како и подароци од повеќе спонзори.

На денешната централна манифестација учествуваа околу 80 верници.

Инаку, во општина Прилеп на 20 локации се одбележа Богојавление -Водици со вкупно околу 500 учесници.

Во дворот на црквата „Свето Благовештение“, традиционално во „базенчето“ се одржа водосветот. Учествуваа 12-тина деца до 13 години. Најсреќен беше 12-годишниот Стилијан Кондоски.

На Плетварското езерце и годинава продолжи традицијата на Водици стари и млади да се искапат во осветените води. Големиот број учесници добија и дрвен крст, а беше и осветен параклисот до езерцето, изграден од донаторство.