Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Пожар во свињарска фарма во Долно Чичево, осум лица се јавиле на лекар поради вдишување чад

Во СВР Велес вчера во 10:45 часот било  пријавено дека  настанал пожар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во СВР Велес вчера во 10:45 часот било  пријавено дека  настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, Општина Градско. Во пожарот  угинале шест животни, а причинета била и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес, информираат денеска од СВР Велес.

Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес.

Како што денеска информираат денеска од Територијалната противпожана единица Велес вчера во 10:37  била примена дојава за запалена хала во свињарска фарма „ АГРИА“ во Горно Чичево

Реклама

Територијална Противпожарна единица  Велес излегла на лице место со две противпожарни  возило и пет пожарникари. По пристигнување на лице место од нивна  страна пожарот бил затекнат во развиена фаза во кровната конструкција. Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција пожарот бил  ликвидиран и спречен да се прошири кон другите хали. 

Во интервенцијата нема повредени, причинета е материјална штета, информираат денеска  од ТППЕ Велес.