Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Тешка година за македонскиот текстил, нарачките заминуваат во земјите од Далечниот Исток

Уште потешка година му претстои на македонскиот текстил. Намалените нарачки и заминувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште потешка година му претстои на македонскиот текстил. Намалените нарачки и заминувањето  на странските партнери во неизвестност го држат секторот кој важи за една од водечките индустрии во земјата. Поради ниските трошоци на производство, голем дел од нарачките се префрлија во Бангладеш и други држави од далечниот Исток,

  „Ништо подобро од 2025, а може да биде и полошо. Не остана европски бренд, што не замина во Виетнам, Бангладеш или Мјанмар…сите  поголеми налози се шијат таму, каде платата е по 150долари и се многу поевтини од нас. Ние имаме повисока продуктивност дури до 30%, но имаме 300% повисоки плати„ изјави Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи.

Од Организацијата на работодавачи, предлагаат  како една од мерките со  кои би можело  текстилниот сектор колку толку да се одржува во живот е повторно воведување на пазарот на девизи во Македонија.

Реклама

   „Евентуално некое мало решение би помогнало кога би се пуштил пазарот на девизи во Македонија, да ние сами си ги продаваме девизите, а не банките да ни ги земаат по некој званичен курс со што заработуваат од продажбата на девизите. Такво решение имаше пред десеттина-петнаесет години, не знам зошто се укина„ објаснува Ангел Димитров, од Организацијата на работодавачи.

Во Македонија, во моментот се шијат исклучиво брзи и кратки испораки, нарачки на кои  фабриките од далечниот Исток, не можат да одговорат поради оддалеченоста. Според Димитров, како последица на тоа, бројот на вработени во текстилот е значително намален и е околу 20.000.

  Само во последните осум месеци од минатата година беа затворени околу десеттина конфекции, речиси сите лоцирани во источниот дел на државата.