Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Тече огласот за нов државен обвинител

Собранието ја започна постапката за избор на државен обвинител. Во наредните 15…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието ја започна постапката за избор на државен обвинител. Во наредните 15 дена, јавните обвинители и кривичните судии кои се заинтересирани за оваа клучна позиција во судството, имаат можност да се пријават на огласот објавен во Службен весник. Огласот трае до 26 јануари, а кандидатите пријавите треба да ги достават до Парламентот. 

На огласот можат да се пријават само оние кои имаат најмалку 10 години непрекинат стаж како судии или обвинители во кривичната област. Не е важно дали моментално се на функција, важно е да го имаат тоа искуство. Покрај овој посебен критериум, кандидатите треба да ги исполнуваат и општите услови.

За Јавен обвинител на Република Северна Македонија може да биде именувано лице кое ги исполнува општите услови утврдени во членот 61 од Законот за јавното обвинителство и тоа:

Реклама

– да е државјанин на Република Северна Македонија,

– активно да го владее македонскиот јазик,

– да има деловна способност,

– да има завршени правни студии со стекнати 300 ЕКТС или VII/1 степен на образование од областа на правните науки или нострифицирана диплома од правни студии во странство за стекнати 300 кредити

– да има положено правосуден испит во Република Северна Македонија.

Советот на јавни обвинители, откако ќе заврши огласот има рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење за пријавените, а ако не испрати мислење навреме, рокот се продолжува уште 15 дена, по што се смета дека мислењето е позитивно. Потоа, Владата го доставува предлогот до Собранието за именување на кандидатите кои добиле зелено светло од Советот, а ако нема такви, Собранието ќе распише нов оглас.

Жешкото столче на државниот обвинител, една недела пред Нова година го пополни обвинителката Анита Тополова-Исајловска. Советот на јавни обвинители ја избра за вршител на должноста, по неговата оставка. Таа беше единствен кандидат и пред да виде избрана, ја извршуваше функцијата заменик државен јавен обвинител.

Љупчо Коцевски самиот си поднесе оставка откако Собранието на седница го стави неговото разрешување. Тој ќе биде запаметен како единствен јавен обвинител на кого му е изгласана недоверба, но исто така е и првиот функционер кој не е сменет од оваа позиција, по промената на власта.