Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Жителите во најпогодената кичевска населба од поплавите стравуваат дека нивото на Зајашка Река повторно ќе порасне

Трет ден жителите од кичевската населба Прилепска се борат со надојдените води…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трет ден жителите од кичевската населба Прилепска се борат со надојдените води од Зајашка река која им ги поплави огништата. Располани буквално покрај самата река,трошните куќи се под вода.Уништена им е целата покуќнина, а веќе трет ден се со истите алишта на себе.Немаат каде да седнат,а камоли да преноќат. Наместо столици,за седење користеле канти. Иако состојбата е сеуште критични бидејќи постојано врне, дел од 120-те жители кои беа примевремено евакуирани во спортската сала на свој ризик, почнале да се враќаат во поплавените домови.Тие очајни,молат за помош.

-“Еден апел до сите граѓани на Кичево,без разлика на вера и нација,молиме за помош.Кој колку што може,јорганче, ќебе кауч. Овде состојбата е моментално катастрофална,ова ми е се од куќа извадено.Сношти и вчера малку зачистивме со жената ама водата еве ја пак дојде.Значи овде не се живее,овде повеќе живот нема; -Се враќаат горе, а реката пак се крева. Уште нема услови каде да се спие,се е растурени попаднато.Фрижидери,машини каучи се; -Едни се вратени за да чистат, ете чадат оџаците,други не се вратени,ви кажувам реално.Ене ја сопругата моја е горе,таа има тромбоза и јас сум половина човек,опериран сум од двете страни од бубрезите, ама немам никакви услови”-велат жителите од населбата “Прилепска”

Жителите од погодената населба стравуваат дека нивото на Зајашка река повторно би можело да се зголеми како пред два дена ,кога како што тврдат водата за миг надошла и го поплавила куќите,оставајќи ги метар и пол под вода.

Реклама

Поради лошите време од општина Кичево им соопштиле дека во среда ќе се изврши увид на оштетените објекти.Во моментов нема услови за пристап со механизација,жителите на располагање ја имаат спортската сала “Христо Узунов“ каде два пати во денот доаѓаат и медициски екипи кои вршат прегледи на оние кои потреба од здравствена помош.Најважно е луѓето да бидат згрижени и безбедни, велат од општината.