Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Николоски на увид на превоите Стража и Пресека, патиштата се проодни, снегот редовно се чисти

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска направи увид во работните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска направи увид во работните активности на „Македонија Пат“, со цел справување со снежните наноси кои се очекуваат периодов. Тој ги посети пунктовите на „Македонија Пат“ на планинските превои Стража и Пресека.

Николовски изјави дека сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од „Македонија пат“, кои даваат се од себе да се справат со обилните врнежи од снег кои ја зафатија државата.

-Денеска сум на терен во увид на активностите на „Македонија пат“, можам да кажам дека состојбата е добра, сите патишта во државата се проодни. Би сакал да им се заблагодарам на овие прекрасни луѓе од „Македонија пат“, кои што даваат се од себе, за сите патишта да се проодни и чисти. Тука сме на увид на планинскиот превој Стража, претходно бев во увид на патниот превој Пресека, и ќе продолжам на уште неколку места, рече Николоски.

Реклама

Тој упати благодарност до работниците на „Македонија пат“ и апелираше до сите граѓани кои имаат потреба да патуваат, да возат внимателно, да ја прилагодат брзината според условите на патиштата и без исклучок да поседуваат зимска опрема.

-Би сакал да се заблагодарам на сите работници, на сите оние кои што помагаат, да ги замолам сите кои што патуваат, да ги почитуваат прописите и правилата, да користат зимски гуми, секаде каде што е потребно ланци и сета дополнителна опрема и да ја прилагодат брзината. Ние ќе направиме патиштата секаде да се проодни и да не се почувствува или минимално да се почувствува ова невреме кое што ја зафаќа Македонија, апелираше вицепремиерот Николоски.