Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

ФЗОМ и ПМФ потпишаа договор за напредни молекуларно дијагностички анализи

На Природно математичкиот факултет освен образовната дејност, започнуваат да се извршуваат и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Природно математичкиот факултет освен образовната дејност, започнуваат да се извршуваат и здравствени услуги. Ќе се отвори нова современа лабараторија што ќе извршува молекуларни лабараториски услуги, онколошки анализи, а воедно ќе ги обучува и идните генетичари кои ќе имаат шанса практично да следат како се одвиваат процесите. Оваа современа лабараторија ќе овозможува прецизно детектирање на генски мутации, клучни за изборот на онколошка терапија, прогнозата на болеста, а ќе се следат и пробелматични бремености.

„Постои тренд да се користат анализи за предвидување на она што го нарекуваме биолошко однесување на туморот, како ќе реагира постоечката терапија, односно таргетираната целна терапија што се почесто се применува кај нас благодарејќи на Фондот, меѓутоа е исклучително скапа и во тој поглед без да се направат детални генетски анализи, користењето на таква терапија, не само што е огромен трошок за фондот, туку може да биде и рпоблематична и за пациентот доколку ја нема мутацијата на која таргетираниот лек делува. Во тој случај не само што може да се случи да не делува воопшто туку може да има и спротивен ефект. Од тие причини потребно е доволен број на генетски мутации да бидат идентификувани и што е најтешко да се направи соодветна интерпретација за да му се презентира на криничарот што точно во пракса тоа подразбира. Тоа е примарната цел.“– вели професорот Сашо Манов.

Од Фондот за здравствено осигурување најавија и воведување на нова метода која ќе помогне во успехот на инвитро оплодувањето.

Реклама

„Тоа е ПГД која што се прави при инвитро, односно со земање на неколку клетки од ембрионот пред всадување и се утврдува дали идниот плод е здрав односно дали има генетски болести, а со тоа се зголемува успешноста на бременоста. Колку е ембрионот поздрав, толку успешноста на инвитрото е зголемена. Во моментов тоа не се работи во Македонија, но се работи во некои од соседните земји.“– вели директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

Од соработката на ФЗО, МОН и министерството за здравство задоволен е деканот на ПМФ, кој ја истакна важноста и посветеноста на проектот кој ќе го подобри капацитетот на онколошките анализи, а истовремено ќе се скрати и периодот на чекање на клиниката за онкологија.

„Министерството за здравство кој што ни изготвија решение, ги препознаа нашите капацитети и ни изготвија решение за да се вклучиме во здравствениот систем во Македонија. И најбитната работа е одличната соработка кој ја имавме и сеуште ја имаме со МОН кој што изминатиов период вложи навистина сериозни средства заедно со факултетот каде што конкретно за молекуларната лабараторија можам да кажам дека најголем дел од средствата, преку 90% се од министерството кој што ги обезбеди за да може да се направи нешто вакво со која можеме да се пофалиме и можам слободно да кажам дека е една од најрепрезентативните лабаратории од ваков тип во регионот.“- вели деканот на ПМФ, Даворин Трпески.

Граѓаните ќе имаат можност со оваа метода на ново генетско секвенционирање да испитуваат дури и до над 50 гени или пак цел геном. Вакви услуги досега беа достапни во МАНУ, Медицинскиот факултет,  фармацевтскиот факултет како и приватни лабаратории.