Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Поплавите оставија семејства без домови, граѓаните и хотелиерите од Охрид им пружаат помош

Дел од охридските хотелиери се солидаризираат со погодените од полавите, широкоградо,беспатно ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од охридските хотелиери се солидаризираат со погодените од полавите, широкоградо,беспатно ги отспаруваат сместувачките капацитети за сите семејства на кои им е потребно безбедно место за престој.Состојбата сеуште е критична во Кичево.Таму бројот на евакуираните од населбата “Прилепска” расте, и до сега околу 120 жители кои немаат каде да одат, се сместени во спортската сала „Христо Узунов.“

Кога водата ќе однесе се’ , останува само мајчинскиот крик,со двегодишното дете во прегратки оваа очајна мајка бара помош откако поплавите им го одзедоа трошниот дом,сигурноста и последната надеж.

“Цела вечер сме вака.Во болница бев, инекции прима терапија.Денеска пак во 15 ч треба да го носам и другото болно е.Нема кондури детето?Нема, ништо нема”-вели мајката

Реклама

Но таму каде се е изгубено,тивко одекна човечноста. Босите премрзнати детски нозе ги стопли кичевчанката Салие Садику со својата облека.

“Малото дете цело време викаше мамо ладно ми е.Се свртив и ја прашав госпоѓата дали има нешто да го облече малиот, бидејќи навистина е многу ладно надвор и дуваше ветар.Таа рече дека нема ништо бидејќи се е под вода.Во тој момент ми се чинеше дека го слушам гласот на мојот син како вели,мајко ладно ми е.Се почувствував како да сум на нивно место, веднаш го извадив капутот да го покрие детето.Ги извадив чизмите,ги извадив моите чорапи и му ги облеков на малиот “–  вели Салие Садику

Тоа е  мајчински инстинкт без оглед кои сме,треба да бидеме луѓе.Денес им се случи ним,утре може нам,секој може да се најде во таква состојба.Токму поради ова и градоначалникот на Кичево од петни жили бара начин да им помогне на поплавените.

“Во минатото се изградени околу 30-тина станови тука во близина, меѓутоа за жал никој не превзел мерки таму да се обезбеди струја и вода.Првото што го направив кога станав градоначалник,се интересирав како да се реши случајот со овие луѓе таму бидејќи ова не е прв пат да се поплавуваат.Ова беше да не речам очекувано,меѓутоа се слулува на секои две-три години.Така да ние мораме системски да го решиме тој проблем со нивното останување, не само да ги вратиме онаму од каде што дошле”- вели Александар Јовановски,градоначалник на Кичево

Во текот на утрешниот ден ќе се изврши увид на оштетените објекти,истакна градоначаникот Јовановски.