Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Синдикат на културата: Љутков ја крши судската одлука за зголемување на платите

Остри реакциии од Синдикатот на културата на Македонија на новото упатство од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Остри реакциии од Синдикатот на културата на Македонија на новото упатство од Министерството за култура и туризам.  Го обвинуваат министерот Љутков дека се обидува да ги заобиколи колективните договори и правосилните судски пресуди за зголемување на платите.

„Министерот им ја честиташе Новата година и божиќните празници на вработените во културата со честитка во форма на „Упатство“, со кое повторно се обидува да го поништи она што судот веќе јасно и недвосмислено го утврди: дека платите во културата мора да се зголемат согласно член 14 став 1 од Општиот колективен договор, односно за 10% од основната бруто плата утврдена со Колективниот договор за културата“, велат од Синдикатот на култура на Македонија.

Од синдикатот велат дека  на овој начин, министерот Љутков се поставува над судот, над колективните договори и над законите.

Реклама

„Синдикатот на културата  нема да дозволи платите во културата да се пресметуваат по „министерска математика“, наместо согласно закон и колективни договори. Повторно ќе ги преземеме сите расположливи правни механизми – од управни спорови, до иницирање постапки за утврдување кривична одговорност – со цел да се запре ова самоволие и да се заштитат правата на вработените во културата“, велат од Синдикатот на култура на Македонија.

Во октомври лани, претставници на Синдикатот соопштија дека со добивањето на првата пресуда против надлежното министерство, се потврдува дека правата на културните работници биле прекршени со незаконските решенија за намалување на платите.  Претходно имаше и протетсти пред министерството за култура поради ненавремено исплаќање на платите во овој сектор.