Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Евакуација во Кичево, поплавени домови и во Охрид: Обилниот дожд предизвика вонредна временска состојба

Стотина жители на Кичево од погодената населба “Прилепска” во текот на ноќта,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стотина жители на Кичево од погодената населба “Прилепска” во текот на ноќта, во ситните саати се евакуирани од своите трошни домови.Обилните врнежи од дожд предизвикале излевањето на Зајашка река која како што велат мештаните носела се пред себе,за миг поплавувајќи им ги куќите.Ситуацијата е многу лоша додаваат. Иако општината им обезбедила привремено сместување, некои спиеле во автомобили, други под ведро небо.

“Многу е лошо,има некои куќи по два метра под вода внатре.Кај мене не беше баш толку, до 80 см до 3ч утрово, а сега не знам. Оваа вода дојде за 5 секунди,јас седев пред вратата само една цигара што запалив одма водата крена; Гледате сами се е лом, се под вода.Некои се по фамилии, некој во кола, некои по улица;Најповеќе поплава имам,имам малолетно дете ќе ми се удаваше ако верувате.Детето ќе ми погинеше.Треба да ми се помогне многу верувате.Тројца сме,едно мало бебенце имам од две години,жена инвалид и јас инвалид сум”-велат жителите

Погодените кои немале каде да одат, се сместени во спортската сала „Христо Узунов“,а обезбедени се и со храна, вода, кревети, душеци и ќебиња.

Реклама

 “Донесове одлука да се врши редовно дезинфекција и дезинсекција бидејќи постои за жал огрома можност за зараза.Луѓето се тука во незавидни услови, тоалетите се такви какви што се.И во меѓувреме мора да бараме едно системско решение за трајно сместување и уредување на речното корито.Бидејќи  тие куќи се дивоградби направени се на имот на Република Македонија кој што е многу блиску до реката.За несреќа таа река години и години не е чистена” –вели Александар Јовановски,градоначалник на Кичево

 Во Охрид пак наврна најмногу дожд, предизвикувајќи излевање на Коселска река. Евидентирани се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот. Локалната самоуправа и Кризниот штаб постапуваат по пријавите.

” Состојбата во Охрид на неколку локации претставува огромен проблем, имаме поплавени куќи.Сето тоа се однесува на Коселска река која по течението се има излеано на неколку места.И дополнително има еден канал кој пто е поврзан со Коселка а преку 30 години немал вода во него ова е прв пат сега и преставува проблем за куќи кои се веќче поплавени “-вели Кирил Пецаков-градоначаник на Охрид

Реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи, а службите за итно дејствување се организирани и се на терен.Водата се црпи се 40 пумпи а се интервенира и на патниот правец од Билјанини извори до Љубаништа каде имало и одрони.