Реклама

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Прилози

Отец Оливер и „Свети Спас“ – Подадена рака за Божиќ

Божиќ е празник на љубовта, но и потсетник дека не сите ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Божиќ е празник на љубовта, но и потсетник дека не сите ја чувствуваат топлината на празничната трпеза. Додека едни слават, други секојдневно се борат за парче леб. Токму за нив, веќе повеќе од една деценија, тивко но истрајно, се грижи хуманитарната организација „Свети Спас“, предводена од отец Оливер.

Со благослов на поглаварот г.г. Стефан и заедно со помошта на голем број волонтери и општествено одговорни компании, отецот несебично се бори за оние кои немаат ништо или многу малку во животот. Единствениот услов како што вели е човечката потреба, но додава дека и покрај желбата да се помогне на сите, можностите се ограничени, а барањата се сè повеќе. Најголем дел од помшта се пакети со храна, но, не ретко се случува да се помогне и со средства за хигиена, покуќнина или градба и доградба на домовите.

Се готви шест дена во неделата, во моментов се готват 205 оброци секој ден, од понеделник отвораме уште еден пункт, така што бројот на оброци ќе се зголеми, плус имаме уште нови барања така да до крајот на месецот тој број ќе се зголеми на над 250 оброци дневно. Најмногу функционираме со волонтери, имаме поставено 9 пункта, сега го отвораме 10 во Идризово. Имаме шофери кои ја подигаат храната и ги носат по пунктовите, каде потоа наши волонтери ја преземаат храната и ја делат на корисниците“, изјави отец Оливер.

Реклама

Оброците ги подготвува специјален шеф кој е ангажиран 24 часа во денот, а му помагаат волонтери и верници кои самите доѓаат да ги подготват намирниците. Во црковната кујна се готви и мрсна и посна храна во зависност од празниците.

Во дворот на Храмот Свети Апостоли Петар и Павле, зад мене се наоѓа кујната во која секојдневно доаѓаат волонтери и ја подготват храната за оние на кои им е најпотребна“.

Хуманитарната организација има магацини во кој се чува храната и покуќнината. Помагаат и при пожари, поплави, болести, на самохрани родители и семејства кои за миг останале без сè.

„За десет години постоење изградивме 3 куќи реновиравме над 35 дома но во денешно време имаме проблем заради работна сила, работната рака, затоа што премногу скапо стана, тешко е да функционираме така, но во блиска иднина се надеваме дека ќе успееме да најдеме волонтери кои тоа го работат и ќе можеме да продолжиме и со изградба и реновирање на домови“, изјави отец Оливер.

За отец Оливер единствена награда за вложениот труд му е насмевката која ја добива од оние на кои им помогнал. Во време кога најмногу се зборува за поделби, приказната на „Свети Спас“ потсетува дека најважно е да бидеме луѓе. Не само за Божиќ, туку секој ден.