Реклама

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Прилози

„Вечниот бог“ одекна од илјадници детски грла на најголемите бадникови поворки досега

„Вечниот Бог“ одекна од илјадници детски грла во срцето на Скопје. Со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Вечниот Бог“ одекна од илјадници детски грла во срцето на Скопје. Со божиќни ѕвездички во рацете и пеење на коледарската песна, најмладите ја најавија радосната вест Христовото раѓање. Бадниковата поворка, која секоја година традиционално се одржува во центарот на метрополата и оваа година Со божиќни ѕвездички во рацете, започна пред Градскиот музеј, продолжи по улица „Македонија“ и заврши на градскиот плоштад.

Со насмевка на лицата, најмладите ги симболизираа анѓелите што ја носат радосната вест христовото раѓање“.

Со пеење на старата коледарска песна, децата беа дарувани со подароци. Во новата 2026 година си посакаа пред сè здравје, среќа и љубов.За нив ваквата поворка значи и повеќе од дружба.

Реклама

И постарите не останаа неми, заедно со најмладите ја пееја коледарската песна. За нив, најважно е оваа традиција да продолжи да се негува и старите обичаи да се пренесуваат на идните генерации.

За организаторите на бадниковата поворка ниту врнежливото време не беше пречка и не ја запре желбата кај најмладите и нивните родители за зачувување на верата и традицијата.

Ги донесовме децата искуствено да го живеат она што им е свето. Неизмерна благодарност до сите родители и семејства, затоа што докажавме дека наместо да ги критикуваме денешните деца денес им овозможивме да живеат Бадник на вистински православен христијански начин“, изјави Марија Саздева – координатор од здружението бадникови поворки.

Поворката заврши со детски претстави и голем музичко сценски настап, во кој учествуваа повеќе од 40 музичари, пејачи и актери. Бадникови поворки денеска се одржаа во повеќе од 80 градови, како во земјава, така и во дијаспоратa.

Плоштадот „Македонија“ и годинава беше исполнет со детска радост и празнична топлина, пред божиќната пештера, семејствата застануваа заедно, создавајќи спомени што ќе останат како тивка, но силна потврда дека традицијата продолжува да живее.