Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Луна Парк – Нова надеж во Скопје

Таму каде некогаш се слушаше џагорот и смеата на децата, помешан со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Таму каде некогаш се слушаше џагорот и смеата на децата, помешан со мирисот на шеќерна волна, повторно се раѓа надеж, а просторот од каде можеше да се види цело Скопје од панорамското тркало и каде секој мал чекор значеше радост, ќе заживее со нов сјај.

Градските власти го најавија скопскиот Луна Парк кој некогаш значеше симбол на колективното детство на Скопје. Ветија дека повторно ќе им биде вратен на граѓаните.

За две години отсега, на пределот зад мене кој е целиот е обраснат со трева, ќе бидат монтирани панорамско тркало, пиратски бродови, подморници. Градските власти ветија дека новиот Луна парк ќе биде изграден по сите светски стандарди и ќе има атракции и содржини за сите.

Реклама

На површина од 84 илјади квадратни метри, со простор за семејни прошетки, Луна паркот треба да стане место кое ќе ја оживее забавата во метрополата, која повеќе од три децении ја нема.

Новиот луна парк треба да донесе современи атракции за сите генерации, од рингишпили и интерактивни игри, до зони со виртуелна реалност.

Очекувањата на скопјани се голем, едни со нетрпение посакуваат вистински забавен парк за најмладите, додека други се надеваат дека ветувањата овојпат ќе бидат реализирани.

Особено внимание градските власти ќе посветат на безбедноста и пристапноста. Просторот ќе биде комплетно приспособен за лица со попреченост, со најсовремени системи за надзор и прва помош. Проектот ќе се гради фазно, со јасно дефиниран буџет, транспарентна постапка и со искуство на домашни и странски компании.

За градот, ова не е импровизација, туку долгорочна инвестиција која ќе создаде место за забава и учење, преку целата година. Луна паркот беше затворен во 2017 година во мандатот на Коце Трајановски, кога почна изградба на нов парк и беа купени неколку реквизити.

Со доаѓањето на Петре Шилегов работите беа стопирани и беше најавен нов, поголем, но и покрај распишани тендери и скапо платена италијанска студија, проектот остана само на хартија.