Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Камери ќе ги ловат граѓаните кои го претвораат Охрид и околината во депонија

Камери ќе ги ловат граѓаните кои ја претвораат околината во депонија.Тие ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Камери ќе ги ловат граѓаните кои ја претвораат околината во депонија.Тие ќе бидат идентификувани и казнети,фралањето отпад во Охрид повеќе нема да се толерира. ЈП „Комуналец“ ќе постави видео-надзор на повеќе од 30 локации на кои подолг временски период се создаваат диви депонии и тоа сред град.

“Сега е веќе формиран тим кој врши идентификација на тие микро локации каде несовесните граѓани вршат депонирање на кабаст, зелен и градежен шут. Планираме на таквите локации да поставиме видеонадзор како би ги детектирале сторителите и би се заоштрила таа казнена политика од страна на комуналната инспекција и надлежните во МВР”- вели Стевчо Маслов-Ј.П.”Охридски Комуналец”

Дивите депонии не се само грда слика туку сериозна закана по здравјето.Отпадот ја загадува почвата,подземните води,шири токсични материи и привекува штетници. Охриѓани го поздравија ваквиот потег.

Реклама

-“ Тоа е за срамота и треба да се зарамиме сите затоа што ѓубрето твое што ти смета го фрлаш пред мене.Ако ти смета тебе ми смета и мене.Јас на овие 92 години ѓубрето од бомбона ќе барам да го фрлам,а не отпадот низ пенџера,низ балкон ; -Aко ги казнат тогаш може да се освестат иначе вака ништо; Tреба и тоа многу строги казни;-Како на ќори два пати во неделата ни врват за ѓубре, крени си го ќесето ќе ти го кренат.Ова знаете како ќе си го џитнат каде било дома само да не им е,каде било да го фли на пат”-велат охриѓани 

Поразително е тоа што и стариот дел на градот наместо гордост, станува пример за негрижа и недоговорно однесување.Ако ова е лицето на Охрид, тогаш ѓубрето ни е заштитен град,велат мештаните.

Имаме многу несовесни граѓани поготово во стариот дел на градот кон Плаошник каде што живеам.Ѓубрето се фрла мачки кучиња ги кинат ќесињата тоа не е убаво,а најлошто е што се фрла отпад кој не им е потребен дома стари шифоњети, каучи,машини,многу непријстно многи непристојно”-вели жител на Охрид

Во годинава што изминува Комуналец подигнал околку 3.500 метри кубни кабаст,зелен отпад и градежен шут. Истакнуваат дека и покрај редовното чистење на овие локации, депониите повторно се создаваат, што претставува дополнителен финансиски товар и сериозна закана за животната средина и јавното здравје.