Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Говорот на децата под удар од дигиталните уреди

Во просек по пет часа дневно , македонските малолетници поминуваат на интернет.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просек по пет часа дневно , македонските малолетници поминуваат на интернет. Последните истражувања на Агенцијата за електронски комуникации, покажуваат дека зависноста од дигиталните уреди кај децата е алармантна. Таблетите и мобилните се почесто ја преземаат улогата на учител. Англиски зборуваат перфектно, но потешкотии имат со мајчиниот јазик. Ваквите случаи кај децата од предучилишна возраст, според логопедите се почесто се среќаваат во пракса. Прекумерното користење на дигитални уреди, остава сериозни последици врз говорниот развој, а бројот на деца со одложен говор и нарушена артикулација е во пораст.

„Се почеста е појавата на т.н.„екранизам„ кај децата, наликува на аутизам, има слични елементи, но не е аутизам и е предизвикан од срединските фактори во која детето расте, доколку е изложено на несоодветната возраст пред екраните„ изјави Тања Андоноска, логопед во ДГ„Вера Циривири-Трена„ -Штип.

Говорот, посочуваат логопедите, не се развива преку пасивно гледање содржини, туку преку контакт очи во очи, слушање и комуникација. Кога детето е пред екранот, информацијата ја прима еднострано, без можност за интеракција, што директно го забавува развојот на говорот.

Реклама

„Предолгата изложеност пред екраните не го дава потребниот грдежен матрејал за да се овозможи сензорна интеграција, која е многу важна за развојот на здрава единка. Не е добро детето, од најрана возраст, од 0 до 3-4години, да биде изложено пред „ објаснува Андоноска.

Првиот филтер за детектирање на „екранизмот„ се градинките, каде речиси во секоја група има по едно до две деца кои имаат проблем со дигиталните уреди. Затоа се апелира родителите да го ограничат времето пред екраните и да  поттикнуваат разговор и социјализација.