Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Уставниот суд не донесе одлука за линеарното покачување на пензиите, но ќе поведе постапка за платите на судиите и обвинителите

Пензионерите засега ќе може да здивнат. Предлогот на уставната судијка Добрила Кацарска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензионерите засега ќе може да здивнат. Предлогот на уставната судијка Добрила Кацарска да се укине линеарното покачување кое го добија со одлука на Влада, не го доби потребното мнозинство гласови кај Уставните судии. Гласањето помина нерешено со четири гласови за двете страни. Сепак, уставен не се откажува – ќе чека комплетирање на составот па повторно ќе одлучува.

„Таа одлука ќе се чека со доаѓањето на нови судии. Знаете дека Уставниот суд работи со еден судија помалку, од први јануари ќе работиме и со двајца судии помалку, се надеваме дека и судскиот совет и Собранието ќе си ја завршат навремено својата работа“, изјави претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Од друга страна уставните судии не сакаат да се откажат од нивните желби за покачување на платите. Ставот на мнозинството на последната седница беше дека намалувањето на коефициентите што го направи Собранието во февруари минатата година, било мешање во нивната независност. Тие се уште остануваат тврди на нивните барања да се врати повисокиот коефициент за пресметка на платите, со што би добиле дополнителни 250 евра месечно.

Реклама

„При една ваква состојба на работите, дека законодавецот не се потприра на важни причини, на важни околности или како што вели законот на важни случаеви предвидени со закон ние констатиравме дека ваквиот закон со вакви одредби со кои се намалува коефицинентите се врши директен упад на финансиската независност на јавното обвинителство“, изјави Уставниот судија Осман Кадриу.

Инаку се уште се чувствуваат последиците во правниот систем од контроверзните измени на Кривичниот законик, кои пред две години ги донесоа СДСМ и ДУИ. Намалувањето на казните за висока корупција, донесено без јавна и експертска расправа и под европско знаме, наиде на сериозни критики и дома и во Европската Унија. Уставен ја одложи расправата за ова прашање, ќе чека Собранието да ги донесе новите предлог – измени.