Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Ако до март не се избере претседател на Советот во Струга, ќе има нови избори за советници

Доколку деструктивните структури на СДСМ, Националната алијанса за интеграција и советниците на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку деструктивните структури на СДСМ, Националната алијанса за интеграција и советниците на Рамиз Мерко продолжат да ја држат Струга во целосна парализа,бојкотирајќи го обидот да се избере претседател-во март идната година ќе има избори за нов советнички состав.Тоа го потврди градоначалникот Менди Ќира,изнесувајќи ги своите сомнежи дека претставниците на спомнатите политички гарнитури имаат формирано тајна коалиција со цел да ги парализираат општинските институции и развојот на општината.

  “Јас, како градоначалник, заедно со партиите на мнозинството, се договоривме дека, доколку опозицијата продолжи со блокирачките методи, во моментот кога ќе се исполнат законските услови, ќе се организираат предвремени избори за Општинскиот совет. Но, јас нема да дозволам Општина Струга и нејзините граѓани и понатаму да бидат заложници на старите структури кои ја уништуваа општината цели две децении.” –вели Менди Ќира, градоначалник на Струга

Политичките несогласувања го парализираат градскиот Совет кој и после два месеци од конститурањето, не може да избере претседател.Кризата во советот ја кочи и работата на општината.Ние не преговараме со никого затоа што не се мешаме во поставеноста на работите на  нашите коалициони партнери,велат од ВМРО ДПМНЕ.

Реклама

 Тие си имаат меѓусебен договорот и политички преговори и односи ги поставуваат согласно нивните интереси.Не постои никаков спор или пречка во нашата коалиција, барем за сега тие односи се усогласени, она што нам ни треба се бројките кои нужно го условуваат и изборот на претседател.За да се избере претседател на Совет треба да има кворум на седницата на која се избира.Дали ќе се избере со 12 мнозинство од вкупниот број советници или со просто мнозинство е неважно”- вели Мите Стефоски- советник од ВМРО ДМНЕ

Се додека не се избере претседател,не можат да се носат легитимни одлуки во прв ред усвојување на буџетот и програмите, во кои се вклучени значајни проекти за 2026 година, во вредност од 5 милиони евра. 31-ви декември е краен рок да се донесе буџетот ,потоа ќе мора да се донесе времен буџет само за плати на вработените и подмирување на неоходните трошоци.