Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Автопатот Кичево–Охрид влегува во најтешката фаза, и покрај сите градежни предизвици Владата е решена целосно да го заврши

Ако треба цели брда ќе се поместат, но Владата нема да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако треба цели брда ќе се поместат, но Владата нема да се откаже и има намера целосно да го догради автопатот Кичево-Охрид, проект кој престатвува можеби најтешкиот градежен потфат во поновата македонска историја. Во моментов дури се изведуваат уникатни и сложени инженерски и градежни зафати, кои за прв пат се користат, не само во Македонија туку и во регионот. Фокусот е на зацврстување на стрмните косини и спречување на свлечишта, со цел автопатот да биде стабилен и безбеден. Иако теренот е исклучително сложен, експертите уверуваат дека изградбата на оваа делница се одвива според планот. Според професорот од градешниот факултет, Милоард Јовановски, станува збор за технички многу сложен зафат, но со примената на современи инженерски решенија, можно е тие да се надминат.

“На автопатот Кичево – Охрид подолг период се гради, но интензивирани се сите напори да се заврши тој автопат…и во моментот се работи на завршна подготовка на техничка документација, а веќе има и интензивна изведба, се надминуваат сите технички аспекти и проблеми и се надевам дека ќе се запазат роковите, со одередно мало пролонгирање” – вели Милорад Јовановски, професор на градежниот факултет.

Изградбата на автопатот Кичево–Охрид влегува во најтешката фаза. Иако дел од трасата веќе е пуштен во сообраќај, работите сега се одвиваат на најкомплицираниот дел од теренот. Според професорот Јовановски, делницата е исклучително сложена и од морфолошки и од геолошки аспект затоа што патот минува низ планински и нестабилен терен.

Реклама

“Иако знаете, веќе еден дел од автопатот е во функција, сега се работи поинтензивно на другиот дел, каде што е потежок и морфолшки и геолошки, реално објектот е тежок за изведба, кога велам објект не мислам на одредени мостови, туку општо за цела делница, и ако се оди според планот ќе се заврши во предвидениот рок” изјави професорот.

Автопатот, чија изградба започна уште во 2014 година, по цели десет години чекање и пролонгирања, конечно почна да се реализира на терен. Првично предвидената инвестиција од 374 милиони евра со текот на годините порасна на дури 598 милиони евра, без притоа автопатот да биде завршен или значително функционален.

Сепак, во изминативе 18 месеци, по деблокирањето на процесите и поинтензивната работа на терен, состојбата значително се промени. Владат е решена што побрзо да го заврши овој проект кој е од клучно знаечење, како за држвата, така и за соседните земји.