Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Утврден правецот за развој на државата во следните 20 години – подобар живот за граѓаните во фокусот на Стратегијата за развој 2024–2044

Македонија полека, но сигурно го трасира патот кон модерна, стабилна и европска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија полека, но сигурно го трасира патот кон модерна, стабилна и европска држава. Почитувајќи ги и имплементирајќи ги целите на Националната развојна стратегија 2024–2044, за неполни две години од седнувањето на Илинденска, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски влезе во цврста и одлучна битка против криминалот и корупцијата, при што постепено се враќа довербата на граѓаните во институциите. За Мицкоски, вложувањето и во човечкиот капитал и обезбедувањето енергетска независност се меѓу клучните приоритети содржани во овој национален документ.

„Почитувајќи ги принципите на транспарентност, отчетност и партнерство, беше донесена Националната развојна стратегија за периодот 2024 – 2044 година, со што беа поставени темелите на долгорочниот развоен правец – документ кој првпат на еден системски и сеопфатен начин ја дефинира визијата каде сакаме да бидеме како држава во следните две децении, Во изминатиот период, по донесувањето на овој стратешки документ, како и во времето од одржувањето на Третата седница на Националниот совет за развој, беа реализирани повеќе значајни активности поврзани со нејзината имплементација“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија.

Во својство на претседател на Националниот совет за развој, Мицкоски денеска ја отвори четвртата седница на Советот и потенцираше дека Стратегијата ќе остане и во иднина највисок обединувачки документ што ќе го трасира патот на Македонија кон сериозни промени и суштински реформи, кои треба да резултираат со подобар квалитет на живот и повисок животен стандард. За него донесувањето на документот е резултат на широк општествен консензус и претставува силна порака во јавноста за подигање на политичка зрелост и координација меѓу извршната и законодавната власт.

Реклама

„Ова претставува силна порака за политичка зрелост и одговорност, но и дополнителен механизам за обезбедување координација меѓу законодавната и извршната власт, како и другите релевантни чинители, со цел промоција на долгорочно стратешко размислување, инклузивни политики, транспарентност и отчетност. Токму ваквиот пристап – отворен, инклузивен и заснован на дијалог – постепено придонесува кон создавање стабилна стратешка рамка со јасна визија за развој. Визија што подразбира конкурентна и стабилна економија, одржлив раст, општествена кохезија и сигурност, демографска ревитализација, успешна зелена транзиција, како и системско зајакнување на човечкиот капитал и иновативните капацитети, со посебен акцент на дигиталната трансформација претставува силна порака за политичка зрелост и одговорност“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата на Македонија.

Во изработката на националната учествуваа голем број пратеници, претставници од министерствата, граѓанските организации и бизнис секторот.