Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Струга во институционален ќорсокак, пропадна и третиот обид да се избере претседател на советот

Струга влегува во институционален ќорсокак ,политичките несогласувања го парализираат градскиот Совет кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струга влегува во институционален ќорсокак ,политичките несогласувања го парализираат градскиот Совет кој и после два месеци од конститурањето, не може да избере претседател. Пропадна и третиот обид ,кризата во советот ја кочи и работата на општината. Доколку до месец март идната година не се избере претседател на Совет, стружани повторни ќе одат на избори за нов советнички состав.

“Ние практично не постоиме,не сме формирани онака како што треба.Пропадна и денеска можноста да се исполни долгот кон граѓаните и да се формира советот и конечно да почнеме да работиме.Нечии хирови и лични интереси се ставаат пред должноста што ја имаат пред секој еден гласач што ги избрал. Точно е, оваа криза може да заврши и со повторни избори за советници во Советот на општина Струга” –вели Коста Хјохи,советник од ВМРО ДПМНЕ

Но, не секому оди во прилог да има нови избори за советници.Оние од Национална алијанса за интеграција ја напуштија седницата.

Реклама

“Граѓаните го дадоа својот глас за овој состав на општина Струга така да останува на советниците најодговорно да седнат и транспарентно ја да решат оваа работа.Ние не сме повикани на никакви разговори за ова прашање”-вели Фатон Положани ,советник од НАИ

Случајно или не, на вонредната седница иницирана од градоначаникот Ќира, не се појавија тројцата советници на Рамиз Мерко и единствениот советник од СДСМ.

“Се виде дека советниците на НАИ и советникот на СДСМ беа претходно договорени да ја напуштат седницата без никаква причина, само заради тоа да нема кворум”-вели Нафи Јонузи-советник од Вреди

Советникот од СДСМ се огласи преку фејсбук бранејќи го своето отсуство со образложение дека не се носеле одлуки од суштинско значење за развојот на општината и за подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, туку се одлучувало за меѓупартиски прашања и распределба на функции на локално ниво.

Заборавајќи при тоа дека се додека не се избере претседател,не можат да се носат легитимни одлуки во прв ред усвојување на буџетот,од кој дирекно зависи функционирањето на општината.