Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Владата и синдикатите утре на разговори за платите и трошоците за живот

Владата и синдикатите утре ќе седнат на иста маса на седница на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и синдикатите утре ќе седнат на иста маса на седница на Економско – социјалниот совет, каде ќе се разгледуваат барањата за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Во фокусот на разговорите ќе бидат растот на платите,минималната плата, усогласувањето со трошоците за живот како и мерките за заштита на куповната моќ на работниците во услови на зголемени цени. Синдикатите бараат конкретни решенија и јасни рокови, предупредувајќи дека граѓаните се потешко ги поднесуваат основните животни трошоци… Владата пак, најавува отворен дијалог и внимателно разгледување на можностите, а исходот од седницата треба да ги нацрта следните чекори за економската и социјалната состојба во земјата.

Заменикот министер за економија, вели дека со конкретни економски мерки очекувањата на Владата се инфлацијата следната година, да падне на два ипол проценти.

Ставот на работодавачите за минималната плата и натаму останува ист.Плата без продуктивност зголемување тешко ќе има.

Реклама

Инаку вчера измерија дека потрочувачката кошника за едно четиричлено семејство за месец декември изнесува 65.492 денари. Според нивната математика, овој месец е поскап за над 300 денари споредено со ноември. Најголемиот дел од домашниот буџет и понатаму оди за храна и пијалоци 23.648 денари. Најголемо зголемување има кај облеката и обувките, со поскапување од над 140 денари месечно. Ако семејството живее под кирија, потребниот буџет значително расте – од 65 на над 80 илјади денари.

Пресметка за трошоците на четиричлено семејство од 1 јануари ќе прави и Владата. Нема да биде минимална како сидникалната, туку просечна. Според најавите, таа кошница ќе служи како основа за креирање на идните економски политики.