Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Негрижа на општината го заклучи спортот во Струга – салата „Нико Нестор“ осум месеци затворена

Осум месеци е затворена струшката спортска сала “Нико Нестор ” во која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осум месеци е затворена струшката спортска сала “Нико Нестор ” во која вежбаа илјадници средношколци и спортисти.Oштината со децении не мрдала со прст да го реши проблемот со објектот кој дополнително пропаѓа, а е запечатен безмалку една година.Поради опасност, трудовиот инспекторат своевремено изрече забрана за користење.Крајно неодговорно и недозволиво е ова што се случува во спортска Струга,единствената гратска сала да скапува.Тоа е срам за градот велат спортските работници,чии тврдења се повеќе од загрижувачки. “Нико Нестор ”не е единствената која е во лоша состојба, има спортски сали кои се во слична состојба и функционираат.Струшката сала само е единствената во која никој не стапнал, а клубовите секој месец плаќаат дебели сметки за струја.

”Не е таа најлошата, најризичната сала одговорно тврдам во Македонија.Бидејќи јас сум секој викенд низ Македонија по саливе.И оваа сала која ја гледате и оваа при јаки дождови прокиснува.Ако е еден од основните проблеми тоа.И што е најстрашно не можам да сфатам некои работи, ми доаѓаат уште фактури за плаќање струја.Последно беше над 6.000 ден.а не сум влезен 7 месеци во салата.Што се случува!”-вели Јован Трпеновски,тренер

Спортската сала градена на државен имот, взаемно ја стопанисуваат средното “Нико Нестор” и Сојузот на спортови Струга.На салата која се користела скоро 30 години никогаш не бил направен нити технички прием од страна на лиценцирано вешто лице кое утврдува дали таа е безбедена да биде пуштена во употреба.

Реклама

” Дали е дозволиво или не, не знам,несфатливо сигурно е. За мене макар е несфатливо. Така да ставени сме пред свршен чин, помош нема од никаде ни од општина немаше ни досега за клубовите, еве ги нема ни ваучерите.До каде и до кога ќе тераме, јас сум прв пат за 22 години овде сум песимист, немам сила” –вели  Владо Ѓоровиќ-тренер

Нејасно е како клубовите поставувале сопствени броила во објект кој не поседува имотен лист бидејќи не се знае кој е сопстеникот.Нејасно е на што се трошеле парите кои 6-те клубови ги плаќале за користење на салата,30 години а надминуваат сума од 200.000 евра.Од државниот испекторат за заштита и спасување велат дека се обиделе да влезат во салата за да извршат увид но не успеале бидејќи истата е затворена,а дополнителен проблем се нерешените имотно правни односи.Велат за да ја утрдиме тековната состојба треба да знаеме со кого да комуницираме,секој се оградува од одговорност.Ситуацијата е многу комплицирана.