Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Нови измени на Кривичниот законик за справување со висока корупција

Измените на Кривичниот законик со кои застареа голем број случаи од висока…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Измените на Кривичниот законик со кои застареа голем број случаи од висока корупција, повторно ќе се гласаат во Собранието. Сега се предлагаат повисоки казни за злоупотреба на службената должност и за злосторничко здружување, а се враќа избришаниот став во законот за јавни набавки преку кој функционерите беа ослободени од обвинение.

Новиот предлог е казната за богатење преку јавни набавки и државни пари да биде од 1 до 8 години затвор, а ако преку тендерот осомничениот стекнал поголема имотна корист, казната да е од 4 до 10 години затвор. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги подржува новите измени, бидејќи според неа се многу важни за рефомите во судството. Потсети на одлуката на Уставниот суд според која треба овие измени да се изгласаат. Таа порача дека потребо е да се игласаат и останатите закони од реформаската агенда. 

Со измените од 2023 година беше значително ублажена казнената политика за дел од најтешките кривични дела што ги вршат овластени лица – злоупотреба на службена положба, несовесно работење и злосторничко здружување. Тие интервенции ја ослабеа превентивната улога на казненото право и директно влијаеја врз активни судски постапки. Предлог-измените на КЗ во Собранието ги поднесоа група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

„Најсериозните импликации во делот на репресијата, измените ги предизвикаа во конкретни судски предмети, вклучително и предмети од областа на организираниот криминал и корупција во постапките против јавни набавки, каде настапи застареност на кривичното гонење“, се вели во појаснувањето на причините поради кои се предлагаат законските измени“, стои во извадок од Предлог и измените на КЗ.

Измените предвидуваат повторно воведување на скалеста казнена политика за делото Несовесно работење во службата, со казни до 5 години затвор за потешки облици. За делото Злосторничко здружување се предлагаат казни од 1 до 8 години за организаторите и од 6 месеци до 5 години за припадниците, додека за потешки облици казната за организаторите ќе биде најмалку 4 години.

Во Извештајот на Европската комисија за 2023 година беше истакнато дека измените од 2023 година предизвикале „сериозна загриженост“ и довеле до застарување и одложување на предмети за висока корупција. Со новите измени се очекува државата да се врати на европските стандарди во борбата против организираниот криминал и корупцијата.