Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Амбасадорот на Шпанија во посета на Кочани

Амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортис, денеска ја посети Општина Кочани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Соријано Ортис, денеска ја посети Општина Кочани и оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов.

– На средбата беше разговарано за актуелната состојба во Кочани, предизвиците со кои се соочува градоначалникот по преземањето на функцијата, како и за состојбата во заедницата девет месеци по трагедијата во „Пулс“, се наведува во соопштението од Општината.

Градоначалникот Грозданов изразил благодарност за солидарноста и поддршката што Кралството Шпанија ја покажа во најтешките моменти, особено за згрижувањето и лекувањето на седум повредени лица од трагедијата, кои беа третирани во меѓународно признати шпански центри за лекување изгореници.

Реклама

На средбата со градоначалникот Грозданов, амбасадорот Соријано Ортис ја истакнал подготвеноста на Шпанија за натамошна поддршка на Кочани, како во реализацијата на развојни проекти така и преку унапредување на соработката со стопанскиот сектор, се додава во соопштението.