Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесностЛУЧНИ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА  – ГОЛЕМА ИЗЛЕЗНОСТ, КРАЈНА НЕИЗВЕСНОСТ

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Граѓаните од денеска ќе можат да ги корегираат контакт-податоците за „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска граѓаните ќе можат да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи соопшти дека од денеска граѓаните ќе можат да поднесуваат барања за промена на контакт-податоците поврзани со регистрацијата на нивните возила. Постапката ќе се врши на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ во Скопје, секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот.

Граѓаните ќе можат да ги коригираат податоците во случај на промена или доколку добиле известување со неточни информации. Промените ќе можат да се извршат и низ станиците за технички преглед во државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Воедно, МВР отвори и електронски канал за комуникација, односно мејл-адреса, преку која граѓаните ќе можат да испраќаат забелешки, нејаснотии и прашања поврзани со функционирањето на системот „Безбеден град“.