Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Седници на седум собраниски комисии

– Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надзор над работата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. 

Членовите на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе го разгледаат барањето од Агенцијата за национална безбедност за давање согласност за назначување на раководител на организациската единица за внатрешна контрола во Агенцијата. 

Предлог Законот за изменување на Законот за полиција и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, двата по скратена постапка се на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.

Реклама

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање се Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2026 година и Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2026 година.

 Членовите на  Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги разгледаат Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција во второ читање, Предлог Законот за изменување на Законот за извршување на санкциите, по скратена постапка и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, исто така по скратена постапка.

 На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се Предлог законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, двата по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Предлог законот за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје,

Предлог законот за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, Предлог законот за изменување на Законот за буџети и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, сите по скратена постапка.

Пред членовите на Законодавно-правната комисија се Предлог Законот за изменување на Законот за полиција, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог Законот за изменување на Законот за извршување на санкциите, 
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, сите по скратена постапка. 

На дневен ред се и Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција во Второ читање, Предлог законот за дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, Предлог законот за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот на ЕСМ за Фотонапонска електроцентрала Битола 3, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка,
Предлог законот за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за Фотонапонска електроцентрала Битола 3 и за дополнително финансирање на Проектот за ревитализација на хидроелектрани, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова – КфВ и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија, во државна сопственост, Скопје, по скратена постапка, Предлог законот за изменување на Законот за буџети, по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка.